Црква „Св. Ѓорѓи“ - Магарево
„Свети Ѓорѓи“ – црква во потпелистерското село Магарево, дел од Преспанско-пелагониската епархија на Македонската православна црква - Охридска архиепископија. Црквата се наоѓа во непосредна близина на импозантната црква „Св. Димитриј“. Таа е остаток од некогашниот Магаревски манастир, женски манастир, кој постоел на тоа место. Селото Магарево се наоѓало на фронтовата линија за време на Првата светска војна, па најверојатно тогаш се уништени конаците и инвентарот на црквата.[1]
Црква „Свети Ѓорѓи“
| |
Црквата на грчка поштенска марка од почетокот на 20 век | |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Битолско |
Местоположба | |
---|---|
Место | Магарево |
Општина | Битола |
Општи податоци | |
Покровител | Св. Ѓорѓи |
Изградба | 1871 |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | еднокорабна |
Архитектура
уредиЦрквата е еднокорабна градба со полукружна апсида на исток и камбанарија на западниот дел. Изградена е во 1871 година.[1]
Иконостас
уредиДенешниот иконостас и иконите потекнуваат од поново време.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Свети Ѓорѓи во Магарево на семрежното место на Битола инфо