Црква „Св. Бессребреници Каридски“
Свети Бессребреници Кузман и Дамјан и Свети Апостоли Каридски или Каривски или Долценски или Свети Врачи (грчки: Αγίων Αναργύρων Καρύδη, Καρίβη) — црква во градот Костур, Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија.
Бессребреници Каридски | |
---|---|
Αγίων Αναργύρων Καρύδη | |
Поглед на црквата | |
40°30′58″N 21°16′14″E / 40.51611° СГШ; 21.27056° ИГД | |
Место | Костур, Костурско |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Архит. тип | трикорабна базилика |
Завршена | 1840 |
Управа | |
Архијерејско намесништво | Костурско |
Епархија | Костурска |
Местоположба
уредиЦрквата е дел од Каридската парохија, сместена во маалото Долца.[1]
Историја
уредиХрамот претставува трикорабна камена базилика[2], подигнат околу 1840 година[3], врз мал постар храм, чиј иконостас и икони биле пренесени во новата црква. Иконостасот е богато резбан и украсен, завршен пред април 1864 година, кога биле живописани и старите иконостасни икони.[1][4]
Храмот е прогласен за историски споменик во 1991 г.[2][5]
-
Икона на Пресвета Богородица Патеводителка, XIX век
-
Богородица се застапува за луѓето пред нејзиниот син Исус Христос
-
Украс на иконостасот
-
Украс на иконостасот
-
Фреска на Христос Седржител од таванот
-
Икона на Христос Светлина од иконостасот, околу 1840 г.
-
Икона на Св. Јован Претеча од иконостасот, околу 1840 г.
-
Икона на Св. Бессребреници од иконостасот, 1842 г.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Δόικος, Νίκος & Γιάννης Σίσιου & Δημήτριος Τσουρτσούλας (1995). Καστοριανά Μνημεία: Μακεδονική Κληρονομιά. Χρωμογραφή. стр. 153.
- ↑ 2,0 2,1 „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ36/10650/16-4-1991 - ΦΕΚ 783/Β/24-9-1991“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2014-12-26. Посетено на 2023-08-26.
- ↑ Αλεξίου, Γ Τ (14 март 2020). „Φως της Καστοριάς: Παναγία, "Η των απελπισμένων μόνη ελπίς". Η εικόνα της σε ναό της Καστοριάς (18ος αιών)“. Φως της Καστοριάς. Посетено на 2023-08-26.
- ↑ „Άγιοι Ανάργυροι Καρύδη“. 7ο Δημοτικό Καστοριά. Архивирано од изворникот на 2018-12-20.
- ↑ „Ι. Ναός Αγίων Αναργύρων, Ντολτσό, Καστοριά | Αρχαιολογικό Κτηματολόγιο“. www.arxaiologikoktimatologio.gov.gr. Посетено на 2023-08-26.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Бессребреници Каридски“ на Ризницата ?