Црква „Св. Архангели“ - Геракарци

црква во Геракарци, Ениџевардарско

Свети Архангели (грчки: Αρχαγγέλων Μιχαήλ & Γαβριήλ) — црква во селото Геракарци, Ениџевардарско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Гуменџиско-бојмичко-ругуновската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2]

Свети Архангели
Αρχαγγέλων Μιχαήλ & Γαβριήλ
Поглед на црквата
Карта
40°54′0.07″N 22°27′37.50″E / 40.9000194° СГШ; 22.4604167° ИГД / 40.9000194; 22.4604167
МестоГеракарци, Ениџевардарско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Културнонаследна категоријаспоменик на културата
Архит. типтрикорабна базилика
ЗавршенаXIX век
Управа
ЕпархијаГуменџиско-бојмичко-ругуновска

Црквата е изградена во првата половина на XIX век. Претставува трикорабна базилика со внатрешни димензии од 8,75 × 18,30 м. На запад и југ има реставриран трем со колонада. Првобитно на запад имало припрата со галерија, но тие не се зачувани. Храмот има единечен мансарден покрив со засеци. Надолжната оска е истакната со ритмиката на колонадите, кои ја делат црквата на три кораба. Секоја колонада има по седум столбови, а последниот пар е зад иконостасот и е неоформен. Нишите на жртвеникот и ѓаконикот не излегуваат од исток, а олтарната апсида е полукружна одвнатре и однадвор. Над јужниот влез, оформен со камен околувратник, има фреска на светците покровители.[1]

Од внатрешноста на црквата за зачуани оригиналниот амвон, балдахин на олтарот, два проскинитара и иконостасот. Фризот над столбовите е насликан со цвеќиња и вазни во силни бои. Со такви бои и геометриски форми се насликани и таваните на црквата. Во наосот и куполата е претставен Христос Седржител.[1] Во храмот има икони од зографите Маргарит Ламбу и Димитриос Хаѕистаматис од погрченото солунско село Кулакија, како и од Христо Сакелариев од ениџевардарското село Петрово.[3]

Во 1987 г. црквата е прогласена за споменик на културата.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „9. Ιερός ναός Αρχαγγέλων Μιχαήλ & Γαβριήλ, Γερακώνας“. Ανάδειξη των Μεταβυζαντινών Μνημείων στην Μητροπολιτική Περιφέρεια Γουμενίσσης- Αξιουπόλεως - Πολυκάστρου μέ κέντρο τό Δήμο Ευρωπού. Посетено на 24 јуни 2014.[мртва врска]
  2. „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ34/24412/504/8-6-1987 - ΦΕΚ 378/Β/27-7-1987“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2022-05-11. Посетено на 21 октомври 2014.
  3. „Ταξιδεύοντας με τους ζωγράφους“ (PDF). Υπουργείο Πολιτισμού και Αθλητισμού. Εφορεία Αρχαιοτήτων Κιλκίς. Посетено на 23 јуни 2018.