Црква „Св. Јован Крстител“ - Ѕвегор
Свети Јован Крстител — главна селска црква во пијанечкото село Ѕвегор, а воедно и парохиски храм на Ѕвегорската парохија.[1]
Свети Јован Крстител
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Брегалничка |
Архијерејско намесништво | Делчевско |
Парохија | Ѕвегорска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°58′03.8″N 22°48′27.9″E / 41.967722° СГШ; 22.807750° ИГД |
Место | Ѕвегор |
Општина | Делчево |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Јован Крстител |
Изградба | 2 август 2001 |
Завршено | 2017 |
Архитектонски опис |
Црквата е сместена во средишниот дел од селото, на десниот брег на реката Ѕвегор, спроти поранешната џамија од другата страна на реката.
Историја
уредиКамен-темелник за изградба на црквата бил поставен на 2 август 2001 година[2] и истата била завршена во 2017 година. Објектот бил изграден со помош на донации од мештаните.[3]
Архитектура
уредиГрадбата на црквата претставува крстокуполен храм и содржи приземје и кат на кој е сместен главниот простор на храмот. Куполата на храмот е со осумаголна основа и на секоја од осумте страни има по една монофора. Во продолжение на западниот ѕид е догадена припрата до која водат скали изградени од камени блокови, додека на источниот ѕид од градбата се истакнува осумаголната апсида. Храмот содржи влезна врата на јужниот ѕид која води до приземниот простор, додека на страничните ѕидови забележителни се неколку монофори. Влезната врата е дрвена и над неа има црно-бела икона на Јован Крстител. Приземјето од градбата е изградено од камени блокови, ѕидовите во висина на првиот кат од тули, а куполата од камен. Градбата не е фасадирана и е покриена со ќерамиди, а куполата има метален покрив над кој има крст.
Икони и фрески во иновативна техника
уредиВнатрешноста на црквата содржи иконостас кој бил изработен рачно од ореово дрво од страна на прилепски мајстор и е со благослов од митрополитот на Брегалничката епархија г. Иларион. Иконите кои се изложени во црквата биле дигитално изработени во Пловдив и, според ктиторот на црквата, имаат двојно подолг рок на траење од обичните.[3]
Фреските се изработени од изведувачи од Пловдив, Бугарија со дигитално печатење на платно со стаклена прашина, а потоа нанесени на ѕидовите. Ова е првата црква во Македонија со ваков живопис.[4]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „Ѕвегорска парохија Архивирано на 30 септември 2018 г.“. Брегалничка епархија.
- ↑ 3,0 3,1 „По 15 години, конечно изградена црквата во Звегор“. Религија. 20 јануари 2017.
- ↑ Делчево, Валери Спасевски (11 јануари 2024). „Се довршува фрескописот во црквата Св.Јован Крстител во делчевското село Ѕвегор“. МИА. Посетено на 12 јануари 2024.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Јован Крстител“ - Ѕвегор на Ризницата ?