Црква „Св. Ѓорѓи“ - Цигарево
Свети Ѓорѓи (грчки: Αγίου Γεωργίου) — црква кај поранешното село Цигарево, Ениџевардарско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Гуменџиско-бојмичко-ругуновската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2][3]
Свети Ѓорѓи | |
---|---|
Αγίου Γεωργίου | |
40°52′55.7″N 22°25′17.6″E / 40.882139° СГШ; 22.421556° ИГД | |
Место | Цигарево, Ениџевардарско |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Културнонаследна категорија | споменик на културата |
Архит. тип | трикорабна базилика |
Завршена | XIX век |
Управа | |
Епархија | Гуменџиско-бојмичко-ругуновска |
Црквата била храм на Цигарево, сместено во југоисточните пазуви на планината Пајак над Гуменџе. Во 1947 г. Цигарево е напуштено. Во 1990 г. покрај црквата е основан манастирот „Св. Ѓорѓи и Пресв. Богородица Утешение“. Сè до изградбата на „Пресв. Богородица Утешение“ јужно од неа, „Св. Ѓорѓи“ имал улога на негова манастирска црква.[1]
Според истражувачот Николаос Муцопулос, црквата веројатно е изградена во XIX век. Претставува трикорабна базилика со полукружна апсида и мошне тесни кораби, поделени со по шест малтерисани дрвени столбови.[1] Внатрешнсота има димензии од 5,6 × 15,2 м.[2] На запад и југ црквата има трем со понизок покрив од главниот. Дрвените столбови на едноводниот покрив не одат до подот, туку се потпираат на низок парапет. Црквата има два влеза. Од запад има правоаголна дрвена која води до високиот нартекс кој се користи како женска црква. На јужниот ѕид има два, а на северниот еден мал правоаголен прозорец. Покривот на средишниот кораб е повисок од другите два.[1]
Таваните на корабите се дрвени, резбани со ромбоидни мотиви, и во средината има табла со Христос Седржител. Оригиналниот иконостас е украден. По описот на Ахилејас Јоанидис, тој бил бил дрвен и насликан со прости цветни мотиви. Украдени се и повеќето оригинални икони. Од царските икони спасени се „Свети Јован Крстител“, „Свети Атанас“, „Свети Никола“ (датирана 1854 г.) и „Св. Петар и Павле“. самиот храм, на левата страна е зачувана фреска на Архангел Михаил од 3 април 1853 г. Фризот над царските икони има цветни украси, а над него се Дванаесетте празници и врз нив има распетие. Според Муцопулос, во храмот се застапени три ликовни стила. Првиот, наречен „народен“, покажува последни проблесоци на поствизантиското сликарство во османлиско време (насликаното во 1854 и 1855 г.); вторият покажува силни западни влијание (Дванаесетте празника, живописот во барабаните); третиот е наполно примитивен, дело на месните провинцијални работилници.[1]
Во 1983 г. црквата е прогласена за споменик на културата.[2][4]
Поврзано
уредиЛитература
уреди- Ιωαννίδης, Αχιλλέας (1983). Οι ναοί της Παιονίας και η ελληνορθόδοξη παράδοση. Κιλκίς.
- Μουτσόπουλος, Νικόλαος (1973). Οι Εκκλησίες του Ν. Πέλλης. Θεσσαλονίκη: Ιδρύματος Μελετών Χερσονήσου του Αίμου.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Λάμπρου, Σουλτάνα Δ. „Ιερό Ησυχαστήριο Αγίου Γεωργίου και Παναγίας της Παραμυθίας στο Άνυδρο“. Promo.cross. Архивирано од изворникот на 2014-06-27. Посетено на 16 јуни 2014.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 „8. Ιερός ναός Αγίου Γεωργίου Άνυδρου“. Ανάδειξη των Μεταβυζαντινών Μνημείων στην Μητροπολιτική Περιφέρεια Γουμενίσσης- Αξιουπόλεως - Πολυκάστρου μέ κέντρο τό Δήμο Ευρωπού. Посетено на 24 јуни 2014.[мртва врска]
- ↑ „Άνυδρο, Ι.Μ.Αγίου Γεωργίου“. Enjoy Kilkis. Посетено на 14 март 2018.
- ↑ „ΥΑ ΥΠΠΕ/ΑΡΧ/Β1Φ34/13760/291/22-3-1983 - ΦΕΚ 230/Β/28-4-1983“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2021-10-28. Посетено на 23 октомври 2014.