Михаил Анагност (грчки: Μιχαήλ Αναγνωστός) или Михаил од Самарина, бил преродбенски зограф, заедно со синовите Никола и Димитар е претставник на Самаринската уметничка школа и конзервативното зографско творештво во Македонија во вторат половина на XIX век, „последната реминисценција на златното време на поствизантиското сликарство“ во Македонија.

Богородица со Исус Христос, 1815 година, престолна икона од црквата Свето Преображение, Самарина

Биографија

уреди

Роден е во големото пиндско влашко село Самарина во втората половина на XVIII век во зографското семејство на Димитар, од кого го наследил занаетот. Првите датирани и потпишани дела на Михаил се икони за иконостаси на цркви во родното село и во соседните Епир и Тесалија. Тоа се иконите од 1811 г. за иконостасот на митрополитската црква во Самарина „Успение Богородично“, каде на престолната икона Богородица со Исус Христос оставил натпис „...Δια χειρος Μιχαιλ αναγνωστου υιου Δημητριου 1811.” Доверувањето на сликањето на такви важни икони за митрополитски храм говори за искусен зограф, кој имал некаква подготовка, т.е. Михаил бил над 16 години.

Веројатно по избувнувањето на Грчкото востание и поради долгогодишните зулуми на Али-паша Јанински, заедно со многу други Власи, со семејството Михаил се преселил на север во Крушево, каде што пред 50 години е формирана една од најголемите влашки заедници. Потврда за преселувањето на семејството дава и самиот зограф во натписот на една икона назначена за црквата „Свети Никола“ во Крушево.

Наводи

уреди