Црква „Св. Ѓорѓи“ - Јанешево
Свети Ѓорѓи (грчки: Αγίου Γεωργίου) — црква во селото Јанешево, Кукушко, Егејска Македонија. Влегува во состав на Полјанско-кукушката епархија на Цариградската патријаршија.[1][2]
Свети Ѓорѓи | |
---|---|
Aγίου Γεωργίου | |
Бакалот што мами на вагата, детаљ од иконостасот | |
41°1′14.8″N 22°49′6.6″E / 41.020778° СГШ; 22.818500° ИГД | |
Место | Јанешево, Кукушко |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Културнонаследна категорија | споменик на културата |
Архит. тип | трикорабна базилика |
Управа | |
Архијерејско намесништво | Крестонско |
Епархија | Полјанско-кукушка |
Архитектура
уредиЦрквата е гробишен храм, сместен на рид во северниот дел на селото. Претставува трикорабна базилика — најраспространетиот тип во доцните години на османлиското владеење. Имала и женска црква, која денес не е зачувана. По тлоцртот, храмот е павоаголен со полукружна апсида со сопствен покрив на исток. Покривот е двоводен со засеци на источната и западната страна. Влезот е од јужната страна и над него има фреска на Свети Ѓорѓи на коњ. На западната страна имало влез за припратата, но денес е заѕидан. Црквата имала трем на север, запад и југ, но истиот е уништен, а остатоците од дрвените потпори сè уште се видливи во ѕидовите.[1]
Во внатрешноста, во источниот ѕид има пет апсиди, што овозможува вршење на повеќе литургии. На западната страна е зачуван издигнат нартекс со три скалила кон него.[1]
Наосот се состои од три кораба одвоени со две колонади од четиристрани дрвени столбови покриени со гипс за да изгледаат округли. Покривот е од прости дрвени лајсни. Црквата се осветлува од окна со карактеристички железни решетки на северната и јужната страна.[1]
Живопис
уредиГолемиот полукружен свод е украсен со претстави кои тешко се разликуваат — Богородица, Рождеството Христово, Поклонението на мудреците и други. Забележителни се ангелските лица распоредени меѓу фреските кои потсетуваат на западни примери.[1]
Олтарот е одделен од наосот со дрвен насликан иконостас, кој според натписот датира од 1820 г. Поголемиот дел од иконостасот е насликан живописно со цветни мотиви, што е типично за Македонија во XIX век. Мотивите се преземени од традиционалната архитектура во народен стил, полни со симболизам. На еден реставиран дел од оградата се издвојува сцената со бакалот кој краде при мерењето како дел од темата за пеколните маки. Во други делови е темата за Крстот и Страстите Христови. Царските икони во вториот дел се дело претежно на уметници од Кулакиската школа од Солунско. Следват херувимите и Јесеевото дрво. Третиот дел на иконостасот се состои од иконите на Дванаесетте празници, поставени под лаковидните отвори со шарени украси. Горе се Апостолите и на крајот е Крстот, потпрет на два двојни змеја. Царските двери се резбани и украсени со претстави на Благовештението, пророци и јерарси.[1]
Две скриени врати во северниот и јужниот кораб, украсени со претстави на архангелите Михаил и Гаврил, водат во олтарниот простор. Владичкиот престол има купола. Под иконата на Христос на престол е означена годината 1820. На третиот столб од северната колонада е потпрен дрвениот амвон, кој е насликан со фигурите на поединечни светци — Свети Симеон Столпник, Евангелистот Марко и други.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 Хаѕули, Гликерија М. „Св. Ѓорѓи во Металико (Јанешево)“. Promo.cross. Архивирано од изворникот на 2014-11-30. Посетено на 21 јуни 2014. (македонски)
- ↑ „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ34/11062/273/18-6-1987 - ΦΕΚ 378/Β/27-7-1987“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2022-05-11. Посетено на 22 октомври 2014.