Црква Св. Пантелеј (Брест)
археолошко наоѓалиште во Македонија
Оваа статија е за археолошкото наоѓалиште. За современата црква, видете Црква „Св. Пантелеј“ - Брест
„Црква Св. Пантелеј“
| |
Местоположба | 41°36′23″N 22°19′22″E / 41.60639° СГШ; 22.32278° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Брест |
Општина | Штип |
Тип |
|
Период | среден век |
Портал „Археологија“ |
Црква Св. Пантелеј — археолошко наоѓалиште во штипското село Брест. Претставува средновековна црква. На 1,5 км јужно од патот Штип-Радовиш, покрај патот за селото се наоѓа црква подигната во 1923 година врз постари темели. Според исказите на учесниците во градежните работи, биле најдени метални крстови и парчиња од камења пластика кои не се зачувани. На 30 м источно од неа се распознаваат темели од друга помала градба, наречена Крст, која се почитува како свето место. Наоѓалиштето и црквата ги споменува историчарот Томо Томоски поврзувајќи ги со средновековниот град Добрун на наоѓалиштето Плоча.[1]
Поврзано
уреди- Крундилов Дол — населба од доцноантичкото време;
- Плоча — средновековно градиште;
- Шумнати Рид — викус од доцноантичкото време;
- Брест;
- Список на археолошки наоѓалишта во Штипско.
Наводи
уреди- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 429. ISBN 9989649286.