Шумнати Рид (Брест)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Шумнати Рид

Карта

Местоположба 41°36′23″N 22°19′22″E / 41.60639° СГШ; 22.32278° ИГД / 41.60639; 22.32278
Основни податоци
Место Брест
Општина Штип
Тип

 викус


Период доцноантичко време
Портал „Археологија“

Шумнати Ридархеолошко наоѓалиште во штипското село Брест. Претставува викус од доцноантичко време.[1] На 1км северозападно од селото и десно од селскиот пат има блага падина со површина од 2 хектара на која се среќаваат градежен камен, парчиња од тули, тегули и керамички садови работени на колце, со црвена и сива боја. Биле најдени и два питоса кои се чуваат кај В. Митков и М. Јорданов од истото село.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 429-430. ISBN 9989649286.