Црква Свети Петар и Павле (Познањ)

катедрала во Познањ, Полска

Црквата Свети Петар и Павле (полски: Bazylika archikatedralna Świętych Apostołów Piotra i Pawła) или „Познањска катедралакатедрала во Познањ, Полска. Таа е една од најстарите цркви и катедрали во земјата. Во оваа катедрала бил крстен Мешко I од Полска. Таа била изградена во текот на 10 век и е посветена на Свети Петар како прв покровител на христијанството и како прва катедрала во земјата.

Црква Свети Петар и Павле
Bazylika archikatedralna Świętych Apostołów Piotra i Pawła
Основни податоци
МестоПознањ, Полска
ПрипадностРимокатоличка црква
Духовно-организациски статускатедрала (968)
метрополитска катедрала (1821)
Базилика (1962)
Статусактивна

Во текот на својата историја таа била на неколкупати обновувана и оштетувана. Така, за првпат таа била обновена во стил на романиката, делови кои се наоѓаат на нејзината долна страна. Во текот на 14 век и 15 век била обновена во готска архитектура. По пожарот на објектот во 1622 година, таа била обновена во стил на барок. По пожарот во 1772 година, таа повторно била обновена, овој пат во неокласицизам. Во 1821 година, кон нејзиното име, освен апостол Петар било додадено и Свети Павле, под покровителство на папа Пиј VII. Во времето на Втора светска војна таа повторно била опожарена, за време на ослободувањето на градот од Германците. Така, во 1956 година, во стил на барок, катедралата повторно била обновена, изглед каков што е и денес.[1]

Галерија

уреди

Надворешни врски

уреди


Наводи

уреди
  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2007-05-20. Посетено на 2010-02-11.