Црква Света Софија (Софија)

Црквата Света Софија е христијански храм кој се наоѓа во Софија, Бугарија и е во склопот на Бугарската православна црква. Оваа црква е една од најстарите во градот изградена во 4 век. Во 14 век, по самата црква било именувано и името на градот Софија. Во време на Османлиското Царство била претворена во џамија.

Црква Света Софија
Църква „Света София“
Основни податоци
МестоСофија, Бугарија
Припадностправославие
Осветен21 септември 1930
Духовно-организациски статусактивна
ВодствоБугарска православна црква
Архитектонски опис
Завршен4 век
1930

Историја

уреди

Црквата е изградена врз темелите на неколку стари цркви од времето на римскиот град Сердика, уништени од страна на Готите и Хуните. Во 2 век на ова место имало римски театар, a во наредните векови биле изградени неколку храмови.

Историјата на Софија е тесно поврзана со храмот Света Софија (грчки: Αγία Σοφία), кој слично на Света Софија во Цариград е посветена на Пресветата Мудрост односно едно од имињата на младиот Исус Христос.

Во текот на 14 век градот го преименувал своето име во Софија. Храмот претставува најстаро светилиште во градот. Храмот бил изграден на највисокиот дел од градот во тоа време. Првиот ранохристијански храм бил изграден најверојатно во почетокот на 4 век, веднаш по Миланскиот едикт во 311 и 313 година, недалеку од античката арена на Сердика, каде загинувале христијанските маченици и меѓу источната паганска и христијанска некропола на Сердика. Веројатно била наменета да биде гробница за мачениците. Изградбата на оваа црква најверојатно се случила со одобрување на римскиот цар Константин I Велики кој често престојувал во градот.

Најстарата поголема црква на истото место, чиј под со римски мозаици е зачуван до денес претставува базилика од средината на 4 век. Во 343 година таа станала седиште на познатиот Црковен собор во Сердика. До 6 век биле направени неколку реновирања на објектот. Во средината на векот црквата била погодена од инвазијата на Хуните и Готите. Јустинијан I наредил таа да се изгради повторно како голема базилика посветена исто на Пресветата Мудрост. Се смета дека од тоа време оваа црква го носи до денес денешното име. Се претпоставува дека нејзината архитектура исто така е резултат на грузиското влијание во градот. По 809 година кога хан Крум го вклучил Средец во државната територија на Бугарија и особено по покрстувањето храмот продолжил активно да се користи како градска соборна црква и вообичаено место за погреби, поради близината на градската некропола. Во времето на Второто Бугарско Царство таа се стекнала со статус на митрополитска црква.

По османлиската инвазија базиликата била претворена во џамија и биле изградени минариња а голем дел од уникатните фрески биле уништени. Најверојатно зградата за првпат била разрушена за време на земјотресот од средината на 15 век. На крајот на 16 век таа била повторно обновена како џамија од отоманскиот големиот везир од хрватско потекло Сијавуш Паша. Повторно во 1818 година и 1858 година зградата пострадала од силни земјотреси. Од земјотресот паднало едно минаре. Во овој период џамијата била напуштена.

Црквата денес нема камбанарија. Камбаната долго време висела на дрво во градината пред влезот. За кратко кон крајот на 19 век зградата била користена како набљудувачката кула. Првата современа реконструкција завршила во 1930 година. На 21 септември истата година црквата била осветена. Во 1935 година се извршило систематско истражување и реставрација под раководство на професор Богдан Филов и архитект Александар Рашенов. Во 1955 година храмот бил прогласен за споменик на културата. Денес храмот е обновен како трикорабна базилика.

Во градината на источната страна на црквата е погребан писателот Иван Вазов.

Надворешни врски

уреди