Црква Света Богородица, Бобошево

Црквата Света Богородица е црква во градот Бобошево, општина Ќустендил.

Локација, историја, архитектонски и уметнички карактеристики

уреди
 
Црквата Света Богородица во Бобошево.

Црквата се наоѓа во центарот на Бобошево. Се смета за една од најубавите цркви во провинцијата Ќустендил, западна Бугарија. Има необична архитектура која наликува на Рилскиот манастир.

Изградена е со делкан камен со слоеви од тули, а во внатрешноста има десет столбови. Станува збор за трикорабна базилика. Црквата е 24 м долга, 8 м широка и 10м висока. Покривот е покриен со ќерамиди. Во внатрешноста има втор кат кој ја формира женската преграда која може да содржи 150 луѓе, додека на првиот кат црквата може да собере повеќе од 650 верници. Подот бил покриен со големи квадратни тули, но во 1923 година тие биле заменети со мозаици. Зградата има три големи врати од даб.. Од запад и југ имало покриена нартекс. Во почетокот, камбанаријата била дел од црковниот објект што се издигал од југозападниот дел на женскиот оддел. На 2 Март 1904 година, земјотресот ги уништил камбанаријата и западниот нартекс. Во 1907 година била изградена уште една камбанарија во јужниот дел на дворот на црквата.

Изградбата на црквата започнала во пролетта 1851 година, а завршила една деценија подоцна во 1862 година. Според современите извештаи, била потребна изградба на голема црква бидејќи постојните цркви кои биле мали не можеле да ги примат сите луѓе. Ја изградил Миленко Велев од селото Блатешница кај градот Радомир кој го изградил јужното крило на Рилскиот манастир.

Наосот, олтарот и галеријата на вториот кат биле целосно обоени. Сликарството на големата црква му било доделено на познатиот сликар од Националната преродба Станислав Доспевски на кого му помагале неговите браќа Никола и Захари Доспевски. Во работата учествувале и многу други сликари од Самоков и Мехомија (Разлог) меѓу кои и локалниот сликар Георги Веселинов - Зограф. Дел од фреските (1890–1898) се живописани од Димитар Сирлештов и неговиот чирак Костадин Хаџи Попов.

Црквата била свечено отворена на 29 Октомври 1862 година во присуство на целото население, народ од блиските села и претставници од Ќустендил, Дупница, Самоков и Горна Џумаја.

Црквата го носи името на Света Марија, мајката на Исус Христос и сопруга на столарот Свети Јосиф. Таа е позната и како Света Марија, Дева Марија, Мадона и е најславната христијанска светица.

Литература

уреди
  • Кепов, Иван - Миналото и сега на Бобошево. 1935, 288 с. , издавачка Бобошевска популарна банка, печатница Кехлибар, с.192–206;
  • Заедно по свештените места на планината Осогово. Пътеводител, Софија, 2008 г. , изд. РИМ - Кустендил, печат. Дийор Принт ООД, с.108;

Надворешни врски

уреди