За други истоимени места, погледајте Радомир

Радомир
Радомир
град
Центарот на градот
Центарот на градот
Радомир is located in Бугарија
Радомир
Радомир
Местоположба на Радомир во Бугарија
Координати: 42°32′45″N 22°57′44″E / 42.545716° СГШ; 22.962288° ИГД / 42.545716; 22.962288
ЗемјаБугарија
ОбластПерник
ОпштинаРадомир
Управа
 • ГрадоначалникКирил Стоев (ПП–ДБ, БЗНС, ВМРО-БНД)
Површина
 • Вкупна47,50 км2 (18,34 ми2)
Надм. вис.&10000000000000764000000764 м
Население (2022)
 • Вкупно13,135
 • Густина280/км2 (720/ми2)
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
поштенски код2400
Повик. бр.+359 0777
Мреж. местоradomir.bg

Радомир (бугарски: Радомир) — град во Западна Бугарија, административен центар на Општина Радомир во Перниичката Oбласт. Има население од околу 13.135 жители (2022).[1]

Географија и местоположба

уреди

Градот се наоѓа во Радомирската Котлина, во подножјето на планината Голо брдо. Тој е центар на историско-географскиот регион Мраката.

Историја

уреди

Радомир бил средновековен град изграден над праисториска, античка населба и некропола. Во 30-те години на 19 век од тука поминува францускиот геолог Ами Буе, кој го опишува Радомир како мало гратче со не повеќе од 2000-3000 жители кое повеќе личало на село. Над плоштадот, кој малку бил навален, се наоѓал конакот на Мјуселим со харемот и неговите градини, опкружени со ѕидови. На самиот плоштад имало добро уредена гостилница, држана од еден Грк од Јанина.[2] Во 1918 година градот Радомир станува центар на Војничкото востание. Оттука на 27 септември 1918 година Бугарија за првпат била прогласена за република.

Наводи

уреди
  1. Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.
  2. Френски пътеписи за Балканите, XIX век“. София, Наука и изкуство, 1981, стр.351.

Надворешни врски

уреди

Официјално мрежно место на Општина Радомир Архивирано на 31 мај 2022 г.