Црква Саграда Фамилија

Црквата Саграда Фамилија (шпански: Templo Expiatorio de la Sagrada Familia ) е црква која се наоѓа во Барселона, Каталонија, Шпанија. Во превод, името на црквата значи “Црква на Светото семејство“. Храмот припаѓа на Римокатоличката црква и била изградена во 1882 година. Сепак, нејзината доградба и реконструкција трае до ден денес и се очекува целосно да биде завршена во 2026 година. Еден дел од објектот за јавноста би требало да биде отворен во септември 2010 година.[1]. Вселенските временски кули во Подемот на Даркаи е исто така главно заснован на црквата Саграда Фамилија. Нејзините како вретено издолжени куполи високи 170 метри се најпрепознатливото обележје на Барселона.

Црква Саграда Фамилија
Templo Expiatorio de la Sagrada Familia
Црквата ноќе во 2015 година
Основни податоци
МестоБарселона, Каталонија, Шпанија
Координати41°24′13″N 2°10′28″E / 41.40361° СГШ; 2.17444° ИГД / 41.40361; 2.17444
ПрипадностРимокатоличка црква
ВодствоБискуп Луис Мартинес Систак
Мреж. местоwww.sagradafamilia.cat
Архитект(и)Антони Гауди
Поставен темел1882
Завршен2026
Сместивост14,000
Кули18

Проектот е на познатиот каталонски архитект Антони Гауди (1852-1926) кој врз објектот работел последните петнаесет години од својот живот. Пред него, како овластен за црквата бил Франсеск дел Вилар, кој од таа функција се повлекол односно дал оставка по само една година за да Гауди биде назначен на истата позиција. По неговата смрт во 1926 година, на негово место застанал Домених Сурганџес. Изградбата на црквата продолжила сè до Шпанската граѓанска војна. За време на војната, делови од надворешноста на црквата биле уништени од страна на каталонските анархисти. По војната, христијанскиот храм продолжил со изградбата. Осветлувањето на храмот било дело на Карлес Буигас. Фасадата во тоа време била изготвувана од страна на Џејми Боскетс, Етсуро Сото и Јосеп Субиракс.

Според весникот El Periódico de Catalunya, во текот на 2004 година храмот бил посетен од страна на 2.260.000 верници и според истите податоци градбата претставува една од најголемите туристички атракции на Барселона и Шпанија.

Изградбата на црквата не е поддржана од страна на било која влада или официјални црковни тела. Приватните покровители биле финансиери во почетната фаза на изградбата.[2] Парите кои се собрани од страна на туристите кои купуваат билети за да ја посетат црквата, исто така се употребуваат за изградбата. Осве ова, голем број на приватни донации придонесуваат за изградба на црвата.

Буџетот за изградбата на црквата за 2009 година тежи €18 милиони евра.[1] Градбата е вклучена во списокот на светско и културно наследство на УНЕСКО.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 La Sagrada Familia se abrirá al culto en septiembre de 2010, El País, 13 март 2009. Retrieved 2009-06-19
  2. „Sagrada Familia "Church of the Holy Family". Essential Architecture, by Tom Fletcher. Посетено на 2008-08-05.

Извори

уреди
  • Schneider, Rolf (2004). Manfred Leier (уред.). 100 most beautiful cathedrals of the world: A journey through five continents. trans. from German by Susan Ghanouni and Rae Walter. Edison, New Jersey: Chartwell Books. стр. 33.

Надворешни врски

уреди