Циганче
Мажјак од подвидот Phoenicurus ochruros gibraltariensis крај гнездо, Германија
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Врапчевидни
Семејство: Муварчиња
Род: Циганчиња
Вид: Циганче
Научен назив
Phoenicurus ochruros
(S. G. Gmelin, 1774)
подвидови

5-7, види во текстот

Младенче
Мажјак Phoenicurus ochruros rufiventris во Индија
Женка

.

Мажјак Phoenicurus ochruros rufiventris
Phoenicurus ochruros gibraltariensis

Циганчето (научPhoenicurus ochruros) е мала врапчевидна птица од семејството на муварчињата (Muscicapidae), која порано била сместена во семејството на дроздовите (Turdidae).

Систематизација

уреди

Има многу подвидови кои се разликуваат главно по боите на долните делови кај мажјаците, но различни авторитети прифаќаат 5-7 подвида.

P. o. phoenicuroides групата; основна група, со распространетост низ централна и источна Азија; женките и младенчињата се светлосивокафеави;

  • Phoenicurus ochruros phoenicuroides. Тјеншан на исток до Монголија. Мала; возрасните мажјаци имаат потемно портокалова боја на долниот дел од градите, стомакот и слабините, бледите дамки на крилјата ги нема, понекогаш имаат бело чело. Општо, многу е слично на лисестото циганче со црни гради. Женките и младенчињата се како лисестото циганче, само посветли, но се разликуваат по портокаловиот прстен околу окото;
  • Phoenicurus ochruros rufiventris. Туркменистан на исток до Хималаите. Обично поголемо; возрасните мажјаци како P. o. phoenicuroides, но целосно потемни, со црн грб и портокаловокостенливи одоздола. Женките имаат портокалова нијанса одоздола;
    • Phoenicurus ochruros xerophilus. Кина - меѓу двата претходни подвида. Голем, бојата како на P. o. phoenicuroides, но побледа. Повеќето авторитети го сметаат за P. o. rufiventris.[2]

P. o. ochruros групата. Западноазиска форма, женките и младенчињата се средни.

  • Phoenicurus ochruros ochruros. Источна Турција, Алборз и Кавказ. Мал, некако меѓу P. o. phoenicuroides и P. o. gibraltariensis. Генерално се како вторите, но попортокалови одоздола и имаат неразвиена светла дамка на крилото;
  • Phoenicurus ochruros semirufus. Левант. Мал; возрасниот мажјак е сличен на rufiventris освен во големината. Црното е проширено.

P. o. gibraltariensis групата. Европската популација, со женки и младенчиња кои се темносиви.

  • Phoenicurus ochruros gibraltariensis. Западна Европа, на исток до Крим и западна Турција. Вратот, горниот дел од грбот и рамењата се сиви до црни, но посветли од лицето и вратот, а бледата дамка на крилјата е силно развиена;
    • Phoenicurus ochruros aterrimus. Пиринејски Полуостров и Мароко. Вратот, горниот дел од грбот и рамењата се црни кај возрасните мажјаци. Широка интеграција со P. o. gibraltariensis и се смета за синоним од голем број авторитети.[2]

Опис

уреди

Циганчето е многу слично на лисестото циганче. Тоа е долго 13-14 см и тежи 12-20 грама. Возрасниот мажјак е темносив до црн на горните делови од телото и градите; кај задникот и опашката е црвенопортокалов, со два централни пердуви на опашката кои се темноцрвенокафеави. Стомакот и под опашката е црнкавосив (западните подвидови) или портокаловоцрвен (источните подвидови); крилјата му се црносиви, со светли рабови на секундарните пердуви кои формираат белкава (западните) или црнкава (источните) дамка. Женките се целосно сиви (западните подвидови) или сивокафеави (источните подвидови), освен портокаловоцрвениот дел кај долниот дел од задникот и опашката. Едногодишните мажјаци се слични на женките, но поцрни. Белкавата дамка на крилјата се формира на двогодишна возраст.[2][3]

Распространетост и живеалиште

уреди

Има широка распространетост на размножување во јужна и централна Европа, вклучувајќи ја и Македонија и Азија, како и во северозападна Африка, од Велика Британија и Ирска, на југ до Мароко и на исток до централна Кина. Таа е постојан жител во поумерените делови на својата распространетост, но птиците од североисточниот дел се селат зимно време во појужна и западна Европа и Азија и северна Африка. It nests in crevices or holes in buildings.[2][3]

Оригиналното живеалиште на овие птици биле каменитите предели во планините, особено карпите, но околу 1900 година се прошириле и адаптирале во урбаните услови на живеење, каде градат гнезда во пукантините и дупките на ѕидовите. Уште поголемо проширување се случило за време и по Втората светска војна во бомбардираните области, а големите индустриски комплекси кои имаат голи, слични на карпа ѕидови особено ги фаворизирале.

Се храни со инсекти кои ги фаќа во лет, птиците што се селат често се хранат на крајбрежјата со мушички и многу мали ракови. Често ја држи опашката раширена. А песната на мажјакот е растреперена, повикот како тивок знак.

Источните раси се многу ретки скитници во западна Европа.[4]

Наводи

уреди
  1. BirdLife International (2012). Phoenicurus ochruros. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Hoyo, J. del; и др. (2005). Handbook of the Birds of the World, vol. 10. Barcelona: Lynx Edicions. стр. 770–771. ISBN 84-87334-72-5. Напосредна употреба на al. во: |first= (help)
  3. 3,0 3,1 Snow, D. W. & Perrins, C. M. (1998). The Birds of the Western Palearctic (Concise. изд.). Oxford: Oxford University Press. ISBN 0-19-854099-X.
  4. Steijn, Laurens B. (2005) Eastern Black Redstarts at IJmuiden, the Netherlands, and on Guernsey, Channel Islands, in October 2003, and their identification, distribution and taxonomy Dutch Birding 27(3):171-194

Надворешни врски

уреди