Владиславово

(Пренасочено од Цетњево)

Владиславово (полски: Władysławowo, кашупски/поморски: Wiôlgô Wies, германски: Großendorf) — град во Кашубија (во областа Померелија) на јужниот брег на Балтичкото Море, северна Полска. Во 2017 г. населението броело 10.009 жители[1].

Владиславово
Władysławowo
Владиславово со пристаништето
Владиславово со пристаништето
Знаме на ВладиславовоГрб на Владиславово
Земја Полска
ВојводствоПоморско
ОкругПучки
ОпштинаВладиславово
ОснованXII век
Станал град1963
Управа
 • ГрадоначалникРоман Кужел
Површина
 • Вкупна12,6 км2 (49 ми2)
Население (2017)
 • Вкупно10.009
 • Густина796/км2 (2,060/ми2)
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Пошт. бр.84-120
Повик. бр.+48 58
Рег. таб.GPU
Мреж. местоwladyslawowo.pl

Наречен е во чест на кралот Владислав IV Ваза (вл. 1632 - 1648) — основоположник на воената морнарица на Полска.

Преглед

уреди

Градот е седиште на истоимената општина во Пучки Округ на Поморското Војводство и претставува важен пристаништен град и мошне посетувано летувалиште. Во состав на градот се и делниците Цетњево и Почерњино, кои порано биле самостојни села.

Недалеку од Владиславово, во состав на неговата општина, се наоѓа селото Јастшембја Гура, што претставува најсеверното место во Полска.

Историја

уреди

Местото е населено во XII век како рибарска населба. Во 1634 г. кога инженерот Фридерик Геткант ја проектирал тврдината Владиславово сместена на Хелскиот Провлак, неколку километри источно од денешниот град.

Население низ историјата

уреди
  • 1960: 3.900 жит.
  • 1970: 7.900 жит.
  • 1975: 9.200 жит.
  • 1980: 10.600 жит.
  • 2009: 15.000 жит.
  • 2017: 10.009 жит.

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди

54°48′N 18°24′E / 54.800° СГШ; 18.400° ИГД / 54.800; 18.400