Пучки Округ
Пучки Округ (полски: powiat pucki, кашупски: pùcczi pòwiat) — округ во Поморското Војводство, сместен на балтичкиот брег, северна Полска. Во 2017 г. имал вкупно население од 84.687 жители.[1]
Пучки Округ powiat pucki | |||
---|---|---|---|
округ | |||
Општини во Пучкиот Округ | |||
Земја | Полска | ||
Војводство | Поморско | ||
Седиште | Пуцк | ||
Општини | 7 (вкл. 4 градски) | ||
Површина | |||
• Вкупно | 572 км2 (221 ми2) | ||
Население (2017)[1] | |||
• Вкупно | 84.687 | ||
• Густина | 146/км2 (380/ми2) | ||
• Градскo | 35.907 | ||
• Селско | 48.780 | ||
Рег. таб. | GPU | ||
Мреж. место | starostwo.puck.pl |
Историја
уредиОкругот има долга историја. Постоел за време на Полско-литванската Државна Заедница сè до 1795 г. и обновен во 1999 г. Денешниот округ е создаден на 1 јануари 1999 г. согласно управната реформа усвоена претходната година. Седиште на округот е гратчето Пуцк, сместено на 40 км северно од војводското седиште Гдањск. Има три града: Владиславово (16 км северно од Пуцк), Јастарња (18 км источно од Пуцк) и Хел (29 км источно од Пуцк), на крајот на Хелскиот Провлак.
Географија и местоположба
уредиЗафаќа површина од 577,85 км2. Во 2006 г. имал вкупно население од 74.196 жители, од кои 14,892 живееле во Владиславово, 11.329 во Пуцк, 4.033 во Јастарња, 3.898 во Хел, а 40.044 во селата.[2]
Пучкиот округ се граничи со градот Гдиња на југ и Вејхеровскиот Округ на југозапад. На исток се протега Пучкиот Залив, а на север е Балтичкото Море.
Управна поделба
уредиОкругот е поделен на 7 општини, од кои три се градски, една градско-селска и три селски.
Општина | Вид | Површина (км2) |
Население (2006) |
Седиште |
Пуцк | градска | 4,9 | 11.329 | |
Владиславово | градско-селска | 38,4 | 14.892 | Владиславово |
Јастарња | градска | 8,0 | 4.033 | |
Косаково | селска | 47,4 | 8.087 | Косаково |
Крокова | селска | 211,8 | 10.089 | Крокова |
Пуцк | селска | 243,3 | 21.868 | Пуцк * |
Хел | градска | 21,3 | 3.898 | |
* седиштето не е дел од општината |
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Податоци за Пучкиот Округ на 31 декември 2017 г. — Полска во бројки (полски)
- ↑ Население на Полска во 2006 г. (полски)
Надворешни врски
уреди„Пучки Округ“ на Ризницата ? |
- Портал на Пучкиот Округ — официјално мрежно место (полски)
54°42′N 18°24′E / 54.700° СГШ; 18.400° ИГД{{#coordinates:}}: не може да има повеќе од една главна ознака по страница