Јастшембја Гура (полски: Jastrzębia Góra, германски: Habichtsberg, кашупски: Pilëce или Jastrzãbiô Góra) — село на јужниот брег на Балтичкото Море во областа Кашубија, северна Полска и важи за најсеверно место во државата. Во управна смисла, селото е дел од општината Владиславово на Пучкиот Округ во Поморското Војводство. Се наоѓа околу 7 км северозападно од Владиславово, 14 км северозападно од Пуцк и 55 км северозападно од Гдањск. Сè до 1 јануари 2015 г. местото било во состав на самиот град Владиславово.[1] Во 2014 г. Јастшембја Гура броела 1.068 жители.

Јастшембја Гура
Jastrzębia Góra
село
Поглед на Јастшембја Гура од воздух
Поглед на Јастшембја Гура од воздух
Грб на Јастшембја Гура
ЗемјиПолска Полска
ВојводствоПоморско
ОкругПучки
ОпштинаВладиславово
Население 1.068

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди

54°49′53″N 18°18′46″E / 54.83139° СГШ; 18.31278° ИГД / 54.83139; 18.31278