Хуи (германски: Huy) — општина во округот Харц, во Саксонија-Анхалт, Германија, основана во 2002 со спојување на единаесет села. Наречена е по малиот планински масив Хуи и се наоѓа приближно 10 километри северозападно од Халберштат.

Хуи
Поглед кон Хуи
Поглед кон Хуи
Поглед кон Хуи
Грб на Хуи
Хуи (Германија) во рамките на Германија
Хуи (Германија)
Управа
Земја Германија
Покраина Саксонија-Анхалт
Округ Харц
Месни единици 11
Градоначалник Андреас Шуман (ДХС)
Основни податоци
Површина 167 км2
Надм. височина 80−314 м
Население 7.030 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 42 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. HZ
Пошт. бр. 38836, 38838
Повик. бр. 039401, 039422, 039425, 039428
Портал www.gemeinde-huy.de
Местоположба на Хуи во рамките на округот Харц
Карта
Карта
Координати 51°58′0″N 10°55′0″E / 51.96667° СГШ; 10.91667° ИГД / 51.96667; 10.91667
Хуи
Планински масив
Земја Германија
покраина Саксонија-Анхалт
Највисока точка Бухенберг
 - височина 314 м
 - координати 51°57′18″N 10°58′23″E / 51.95500° СГШ; 10.97306° ИГД / 51.95500; 10.97306

Села во општината Хуи се:

  • Адерштет
  • Андербек
  • Бадерслебен
  • Деделебен
  • Дингелштет
  • Ајленштет
  • Ајлсдорф
  • Најнштет
  • Пабсторф
  • Шланштет
  • Фогелсдорф

Наводи

уреди
  1. „Население по општини на 31 декември 2022 г.“ (PDF). Статистичка служба на Саксонија-Анхалт. јуни 2023. (германски)