Фонологија на холандскиот јазик

(Пренасочено од Холандска фонологија)

Холандскиот јазик припаѓа на групата на германски јазици, и како таков дели многу фонолошки одлики со другите јазици од таа група (особено со долногерманскиот, фризискиот, англискиот, и во помала мера со германскиот).

Самогласки

уреди

Холандскиот има многу самогласки — 13 прости и 4 дифтонзи. Самогласките /eː/, /øː/ и /oː/ се ставени во табелата на дифтонзи бидејќи во многу дијалекти тие всушност се изговараат како тесни подзатворени дифтонзи, но се однесуваат фонолошки како другите прости самогласки. Пред /r/ овие самогласки се изговараат како [ɪː], [ʏː] и [ɔː]. [ɐ] (речиси отворена самогласка од среден ред) е алофон на ненагласените /a/ и /ɑ/.

 
Монофтонзи на холандскиот литературен јазик (Gussenhoven (1992:47))
 
Дифтонзи на холандскиот литературен јазик (Gussenhoven (1992:47))
Самогласки со примери
Симбол Пример
Самогласка макед.
трскр.
МФА Правопис Превод
ɪ и bɪt bit 'парченце'
i и bit biet 'цвекло'
ʏ и hʏt hut 'колиба'
y и fyt fuut 'нуркач'
ɛ е bɛt bed 'кревет'
е beːt beet 'гризе'
ə е de определен член
øː е nøːs neus 'нос'
ɑ а bɑt bad 'бања'
а baːt baad 'капе'
ɔ о bɔt bot 'коска'
boːt boot 'чамец'
u у ɦut hoed 'капа'
ɛi еј bɛit, ɛi bijt, ei 'гризе', 'јајце'
œy еј bœyt buit 'плен'
ʌu1 ау bʌut, fʌun bout, faun 'резе', 'фаун'
  1. Во стандардниот белгиски холандски се остварува како /ɔu/[1]

Самогласки

уреди
  Двоуснени Уснено-
забни
Венечни Задно-
венечни
Предно-
непчени
Задно-
непчени
Ресични Гласилни
Носни m n ŋ
Избувни безвучни p t k (ʔ)1
звучни b d g 2
Струјни безвучни f s ʃ 3 x ~ χ 4
звучни v 5 z 5 ʒ 3 ɣ 5 ʁ 6 ɦ 5
Трепетни r 6
Приближни β ~ ʋ 7 l 8 j

Белешки:

  1. [ʔ] во холандскиот не е засебна фонема, туку се става пред слогови кои започнуваат на самогласка по /a/ и /ə/, а често и на почетокот на зборот.
  2. /ɡ/ не е автохтона холандска фонема, туку се јавува само во заемки како goal („гол“) или при озвучување на /k/, како во zakdoek [zɑɡduk].
  3. /ʃ/ и /ʒ/ не се автохтони холандски фонеми, туку се јавуваат во заемки како show („шоу“) and bagage („багаж“). Дури и во тие случаи се реализираат како [sʲ] и [zʲ]. Меѓутоа фонемските низи /s/ + /j/ во холандскиот често се остваруваат како [sʲ], како во зборот huisje („куќичка“). Во дијалектите кои ги слеваат s и z, [zʲ] често се остварува како [sʲ].
  4. Звукот напишан со <ch> е увуларен фрикатив во литературниот холандски[2], а веларен во белгиските дијалекти.[3]
  5. Кај некои дијалекти звучните струјни согласки речиси целосно се слеани со безвучните; /ɦ/ се остварува како [h], /v/ како [f], /z/ како [s], и /ɣ/ како [x].
  6. Остварувањето на фонемата /r/ значително се разликува од дијалект до дијалект. Во литературниот холандски, /r/ се остварува како [r]. Во многу дијалекти оваа фонема се остварува како звучната ресична струјна согласка [ʁ], па дури и како ресичната трепетна согласка [ʀ].
  7. Остварувањето на /ʋ/ во голема мера варира од северните до јужните и белгиските дијалекти на холандскиот јазик. Низа белгиски дијалекти[4][5] ја изговараат како двоуснената приближна согласка ([β]). Други пак, главно северни дијалекти, ја изговараат како усненозабната приближна согласка [ʋ].
  8. Латералното /l/ помалку се веларизира по самогласка.[1]
  9. Литературниот холандски е помалку или повеќе наречјето што се говори во Харлем, а не амстердамскиот дијалект. Амстердамскиот дијалект се разликува од литературниот холандски, на пример, по тоа што /z/ се заменува со [sʲ]
Согласки со примери
Симбол Пример
МФА макед.
трскр.
МФА правопис Превод
p п pɛn pen 'пенкало'
b б bit biet 'цвекло'
t т tɑk tak 'гранка'
d д dɑk dak 'покрив'
k к kɑt kat 'мачка'
g г ɡol goal 'гол' (спорт)
m м mɛns mens 'човек'
n н nɛk nek 'врат'
ŋ н ɛŋ eng 'страшен'
f ф fits fiets 'велосипед'
v в ovən¹ oven 'рерна'
s с sɔk sok 'чорап'
z з zep zeep 'сапун'
ʃ ш ʃɛf chef 'шеф'
ʒ ж ʒyʁi jury 'порота'
x х ɑxt acht 'осум'
ɣ г ɣaːn gaan 'оди'
r р rɑt rat 'стаорец'
ɦ х ɦut hoed 'капа'
ʋ в ʋɑŋ wang 'образ'
j ј jɑs jas 'палто'
l л lɑnt land 'земја'
ʔ bəʔamən¹ beamen 'потврдува'
  1. Често 'n' на крајот не се изговара.

Холандскиот јазик ги обезвучува сите согласки на крајот од зборот (на пр. гласот /d/ во финална позоција станува [t]), што претставува проблем кога холанѓаните учат англиски. Ова делумно се одразува во пишувањето, каде единското huis (куќа) има множина huizen и duif (гулаб) станува duiven. Другите случаи, т.е. ‘p’/‘b’ и ‘d’/‘t’ секогаш се пишуваат со звучната согласка, всушност се изговара обезвучено, како на пр. единското baard (брада), се изговара како [baːrt], во множина е baarden [baːrdən], а еднинското rib (ребро), се изговара како [rɪp], а во множина е ribben [rɪbən].

Заради асимилацијата, првиот слог од следниот збор исто така често се обезвучува, на пр. het vee (говедата) е /(h)ətfe/.

Некои региони (Амстердам, Фризија) ги имаат речи целосно изгубено звучните струјни согласки /v/, /z/ и /ɣ/. Во појужните краишта овие фонеми секогаш се присутни во средината на зборот. За споредба: logen и loochen /loɣən/ наспроти /loxən/. На југот (во Зеланд, Брабант и Лимбург) како и во Фландрија констрастот е уште посилен бидејќи буквата <g> станува палатална. (т.е. станува ѓ).

Крајното 'n' од наставката за множина „-en“ често не се изговара (како кај Африканс, каде се испушта и при пишување), освен на североистокот (долносаксонско) и југозападот (западнофламанско наречје) каде наставката станува слоговен глас „n“.

Нагласок

уреди

Кога претпоследниот слог е отворен, акцентот може да падне врз било кој од последните три слога. Кога претпоследниот слог е затворен, акцентот паѓа на еден од двата последни слога. Иако нагласокот е фонемски, минималните парови се ретки.[6] На пример vóórkomen ('случува') and voorkómen ('спречува'). Кај сложени зборови често наоѓаме секундарен акцент. Нагласокот во холандскиот се бележи само по избор, и никогаш не е задолжително, иако понекогаш е препорачано.

Фонотактика

уреди

Слоговната структура на холандскиот јазик е (К)(К)(К)В(К)(К)(К)(К) - [7]. Како и во македонскиот и англискиот, многу зборови започнуваат со три согласки - на пр. straat ('улица'). Постојат и зборови кои завршуваат со четири согласки - на пр. herfst ('есен'), ergst ('најлош'), interessantst ('најинтересен'), sterkst ('најсилен'). Најголемиот број од нив се придавки во суперлатив.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Verhoeven (2005:245)
  2. Gussenhoven (1992:45)
  3. Verhoeven (2005:243)
  4. Peters (2006:117)
  5. Gussenhoven & Aarts (1999:155)
  6. Gussenhoven (1992:47)
  7. К означува „консонант“ (согласка), а В означува „вокал“ (самогласка)

Библиографија

уреди
  • Gussenhoven, Carlos (1992), „Dutch“, Journal of the International Phonetic Association, 22 (2): 45–47
  • Gussenhoven, Carlos; Aarts, Flor (1999), „The dialect of Maastricht“, Journal of the International Phonetic Association, 29: 155–166
  • Peters, Jörg (2006), „The dialect of Hasselt“, Journal of the International Phonetic Association, 36 (1): 117–124
  • Verhoeven, Jo (2005), „Belgian Standard Dutch“, Journal of the International Phonetic Association, 35 (2): 243–247
  • Verhoeven, Jo (2007), „The Belgian Limburg dialect of Hamont“, Journal of the International Phonetic Association, 37 (2): 219–225