Хитрино
Хитрино (бугарски: Хитрино) — село во североисточниот дел на Бугарија во Шуменската Област. Тоа е административен центар на истоимената општина Хитрино.
Хитрино Хитрино | |
---|---|
село | |
Местоположба на Хитрино во Бугарија | |
Координати: 43°25′32.53″N 26°54′52.49″E / 43.4257028° СГШ; 26.9145806° ИГД | |
Земја | Бугарија |
Област | Шумен |
Општина | Хитрино |
Управа | |
• Градоначалник | Нуридин Исмаил (ДПС) |
Површина | |
• Вкупна | 1,186 км2 (0,458 ми2) |
Надм. вис. | 273 м |
Население (2022) | |
• Вкупно | 889 |
• Густина | 750/км2 (1,900/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
поштенски код | 9780 |
Повик. бр. | +359 05341 |
Мреж. место | hitrino.bg |
Географија
уредиХитрино се наоѓа во североисточниот дел на Лудогорието. Тоа е еднакво оддалечено од Црното Море и Дунав и е на 20 километри од областниот град Шумен. Селото се наоѓа на главниот пат помеѓу Силистра и Шумен. Преку Хитрино оди главната пруга Варна - Русе.
Железничка несреќа во 2016
уредиВо 5:40 часот месно време на 10 декември 2016 година 7 лица загинале,[1] а 29 биле повредени по експлозијата на цистерна од излетал од шините воз. Возот, кој превезувал пропан-бутан и пропен, експлодирал и се запалил. Пожарот зафатил најмалку педесет објекти [2], а 20 згради во Хитрино биле уништени.
Наводи
уреди- ↑ „Најмлаку седум лица загинаа во експлозијата на воз во Бугарија“. +info. Архивирано од изворникот на 2016-12-12. Посетено на 10 December 2016.
- ↑ Gigova, Radina. „Bulgaria train derailment: 5 killed in blast“. CNN. Посетено на 10 December 2016.