Херман Хеблер
Херман Хеблер (23 септември 1911 – 21 август 2007 г.) бил норвешки печатач и графичар кој живеел во Фредерикстад. Делата на Хеблер беа изложени на многу значајни графички биеналиња и триеналиња. Добитник е на голем број награди во Норвешка и во странство[1].
Животопис
уредиХеблер студирал на Kunsthochschule Есен (град) (1937–39), а подоцна и на Bjarne Engebrets maleskole Осло (1947–48). Тој го имал својот уметнички пробив во 1957 и 1958 година кога неговите дела биле наградена во музејот Риверсајд во Њујорк (град). Денес херман хеблер е вброен помеѓу најзанчајните светски графичари. Покрај со творечката дејност и печатарството, тој го организирал прославеното Norske internasjonale grafikk triennale Fredrikstad - Норвешко меѓународно триенале за графика Фредерикстад кое долго време најдиректно соработуваше со Меѓународно графичко триенале Битола. Успеал да организира 12 триеналиња, што е 3 годишен активен негов личен ангажман[2].
Творештво
уредиСликовниот израз на Херман Хеблер има многу сличности со минимализмот од 1960-тите, а неговите сграфики одсекогаш биле специфична авангарда. Главните мотивски преокупации во графиките се геометризмот како што се кругот, квадратот или триаголникот. Чистите површини и остри линии ги довел до печатарско совршенство во техниката сито-печат, техника која во тоа време почнувала да добива свое истакнато место.Херман Хеблер бил пионер и во развојот на сито печатот и во неговиот карактеристичен дизајнерски јазик. Подоцнежните дела на Херман Хеблер се одликуваат со величествен ритам и тежина и длабочина во бојата и имаат контемплативен карактер. Уметничкото дело на Херман Хеблер е определено од идеални цели. Неговото дело мора да се гледа на позадината на повоеното верување во напредок и позитивизам. Неговата уметност се однесува на современите иновации во областа на технологијата, науката и архитектурата[3].
Изложби
уредиРеализирал 103 самостојни изложби во: Норвешка, Германија, Данска, Шведска, Аргентина, Словенија, Италија, Мексико, Чиле, Унгарија, Индија, Исланд, Украина, Канада, Египет, САД, Естонија, Турција, Босна и Македонија - Битола.
Настапувал на речиси сите најважни меѓународните графички манифестации: негови дела се изложени во: Nasjonalgalleriet Осло, Музеј на современа уметност Осло, Норвешки културен совет Осло, Министерство за надворешни работи Осло, уметнички збирки на општина Осло, Музеј на современа уметност Осло, збирки на општината Остфолд , Берген галерија на слики, Универзитетот Орегон САД, Универзитет во Павија, Италија, Музеј на модерна уметност Лоѓ, Полска, музеј Фленсбург ,Германија , Kunsthalle Bremen, Германија, меѓународни графички колекции во Љубљана, Словенија , Брадфорд, Англија, Краков ,Полска, Сеговија, Шпанија, Будимпешта, Унгарија, Варна , Бугарија, Каиро, Египет, Лил, Франција, Буенос Аирес, Аргентина...[4].[5].
Награди
уреди- Добитник е на бројни меѓународни награди.
- Меѓу наградите што му беа доделени на Хеблер за време на неговиот живот биле: почесната награда на Фредрикштад,
- Годишнината од норвешките графичари.
- Наградата на честа на Улрик Хенриксен
- Спомен-грантот за Руне Бринштад.
- Тој е почесен граѓанин на Битола.