Херингсдорф
Херингсдорф (германски: Heringsdorf) — општина и омилено морско одморалиште на островот Узедом, во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Исто така е познат под името Царска бања (германски: Kaiserbad).
Херингсдорф | |
Бањска архитектура (Bäderarchitektur) во Херингсдорф | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Мекленбург-Западна Померанија |
Округ | Западна Померанија-Грајфсвалд |
Месни единици | 4 |
Градоначалник | Клаус Котвитенборг |
Основни податоци | |
Површина | 37,45 км2 |
Надм. височина | 5 м |
Население | 8.425 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 225 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | OVP |
Пошт. бр. | 17419, 17424, 17429 |
Повик. бр. | 038378 |
Портал | http://gemeinde-ostseebad-heringsdorf.de/ |
Местоположба на Херингсдорф во рамките на округот Западна Померанија-Грајфсвалд | |
Координати | 53°58′N 14°10′E / 53.967° СГШ; 14.167° ИГД |
Општината била создадена во јануари 2005 од поранешните општини Херингсдорф, Албек и Банзин. До јануари 2006, општината била наречена Драјкајзербедер (Dreikaiserbäder), со буквално значења Три царски бањи, поради неколкуте посети на германскиот цар Вилхелм II до 1918.
Поради истата причина, убавата песочна плажа која се протега 12 километри од Банзин преку Херингсдорф до Албек и Свинеминде (денес во Полска), е исто наречена „Царска плажа“ (Kaiserstrand). Непрекинатата плажа на Балтичкото Море на островот Узедом има вкупна должина од 40 километри и со просечна широчина од 40 метри, ја прави една од најдолгите песочни плажи во Европа.[2]
Туризмот е главна економска дејност во рамките на општината, со растечки број на хотели и бунгалови секоја година.
Преглед
уредиХерингсдорф се наоѓа на балтичкиот брег на островот Узедом, околу 10 километри северозападно од Швиноујшќе.
Херингсдорф е едно од најомилените морски одморалишта на германскиот балтички брег од неговото основање. Се состои од три дела: Алберк на полската граница, Херингсдорф (средишниот дел) и Банзин во западниот дел. Овие три „царски бањи“ (Kaiserbäder) биле омилени бањи на германските цареви и се исто така наречени када на Берлин. Тие поседувани чисти плажи и бројни сликовити куќи и пансиони во бањска архитектура (Bäderarchitektur).
Галерија
уредиПоврзано
уредиНаводи
уреди- јавна сопственост: Chisholm, Hugh, уред. (1911). Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press. Отсутно или празно
|title=
(help) Оваа статија вклучува текст од објавено дело кое сега е
Надворешни врски
уреди„Херингсдорф“ на Ризницата ? |
Оваа статија за место во Мекленбург-Западна Померанија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |