Банзин
Банзин (германски: Bansin) — најзападниот дел од општината и морското одморалиште Херингсдорф во Мекленбург-Западна Померанија, Германија, на источниот брег на островот Узедом, околу пет километри северозападно од полскиот град Швиноујшќе. Банзин е едно од најпопуларните одморалишта на германскиот балтички брег и претставува посебна единица во општината Херингсдорф.
Покрај песочните плажи на балтичкиот брег, Банзин е близу езерата Шлонско Езеро, Шмоленско Езеро, Готенско Езеро, како и Големото и Мало Кребско Езеро.
Германскиот цар Вилхелм II го посетил Банзин неколкупати поради одмор. Еден од познатите луѓе кој поседува своја летна куќа во Банзин бил и астрономот Фридрих Зимон Архенхолд.
Надворешни врски
уреди„Банзин“ на Ризницата ? |
- Банзин на официјалната страница на островот (германски)
- Трите царски бањи Архивирано на 18 февруари 2010 г. (англиски)
53°58′N 14°09′E / 53.967° СГШ; 14.150° ИГД
Оваа статија за место во Мекленбург-Западна Померанија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |