Грбовен крал
Грбовен крал (или хералдички крал) — грбовен службеник со виш чин. Во многу хералдички традиции, само хералдичкиот крал има право да доделува грбови и ознаки. Кај други традиции пак, ова право го имаат други службеници од сличен ранг.
Хералдички должностиУреди
Во Англија, пред да се додели еден грб истиот треба најпрвин да биде формално одобрен од Ерлот Маршал во облик на повластица. Функцијата на Ерлот Маршал е формална. На чело на Колегијатот на грбови стои Главниот грбовен крал на Подвеската кој воедно е и највисокиот грбовен службеник во Англија. Во земји како Република Ирска ова право го има главен хералд кој јаима истата улога како традиционалниот крал. Канада исто така има главен хералд, но тој доделува грбови во име на генералниот гувернер како претставник на Кралицата. Во Шпанија, авторитетот го има функцијата крониста (Летописец на грбови).
Англиските и шкотските грбовни кралеви се единствените службеници кои имаат посебна службена круна, која се носи на свечености како крунисување и сл. Ликовно претставени, овие круни се прикажани само со дел од листовите и зборовите на нив.
Грбовни кралеви и хералдички органиУреди
Англиски грбовни кралевиУреди
Шкотски грбовни кралевиУреди
Главни и државни хералдиУреди
- Главен хералд на Канада
- Главен хералд на Ирска
- Национален хералд (порано Државен хералд) на ЈАР
- Државен хералд (Statsheraldiker) на Шведска, кој е главен на огранок на Националните архиви на Шведска
Шпански кронистиУреди
- Крониста - Главен кралски хроничар на грбови
ПоврзаноУреди
Обележја на хералдичките кралевиУреди
Кралскиот стандард на Шкотска, обележје на Лордот Лајон
Надворешни врскиУреди
- Суд на Лордот Лајон (англиски)
- Колегијат на грбови (англиски)
- Канадски хералдички орган (англиски)
- Главен хералд на Ирска (англиски)