Хелсингланд (швед. Hälsingland) е историска покраина (landskap) во средна Шведска. Се граничи со покраините Јестрикланд, Даларна, Херједален, Меделпад и Ботнискиот Залив. Историски, претставува дел од крајот Норланд.

Хелсингланд
Hälsingland
Знаме на Хелсингланд
ЗемјаШведска
КрајНорланд
ОкрузиЈевлеборг
Јемтланд
Вестернорланд
Површина
 • Вкупна14,200 км2 (5,483 ми2)
Население (2009)[1]
 • Вкупно130,097
 • Густина9,2/км2 (24/ми2)
Народност
 • Наречјехелсиншко
Култура
 • Цветлен
 • Животнорис
 • Птицабув
 • Рибајаз
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)

Управа

уреди

Традиционалните покраини во Шведска немаат административна или политичка улога, туку опстојуваат само како културно-историски целини. Во случајот на Хелсингланд, покраината го опфаќа северниот дел од административниот округ Јевлеборг. Мали делчиња навлегуваат и во окрузите Јемтланд и Вестернорланд.

Географија

уреди

Теренот е претежно планински и карпест, и се спушта кон брегот. Највисокото место на северот е 530 м, а на југот е 600 м. Покраината е мошне шумовита (околу 85%), па затоа шумарството била главна стопанска гранка во историјата. Со исклучок на некои крајречни подрачја како она на реката Јуснан, почвата е неплодна и сиромашна. Големи делови се карпести и калливи, и сосем непогодни за земјоделски активности.

Дел од подрачјето што се граничи со Ботнискиот Залив (наречено „Висок Брег“) е прогласено за светско наследство на УНЕСКО, како пример за изостазија или постглацијално издигање. Теренот и денес се издига по 1 см годишно.

Други геолошки позначајни места се езерскиот систем Делен, кој се состои од метеорски кратери. Ова е единственото место во земјата кајшто се среќава вулканскиот андезитетн камен, наречен „деленит“.

Историја

уреди

Жителите на Хелсингланд за првпат сте споменуваат во староанглиската поема „Видсвит“ (IX-X век), каде се нарекуваат „Хелсинзи“. Ова подоцна го потврдува и Адам Бременски, околу 1070 г., кој го споменува нивното учество во трговската морнарица.

Во XII век се случила голема преселба на населението од Хелсингланд во јужното крајбрежје Финска, тогашен Естерланд. Местото што го населиле го добило името на нивната татковина. Во 1550, кралот Густав Васа основал нов град во близината. Во 1812, градот Хелсинки станал главен град на Финска.

Најстар град во Хелсингланд е Худиксвал, кој го добил статусот во 1582. По него следи Седерхамн, кој станал град во 1620. Третиот град е прогласен дури во 1942 (Болнес).

Војводи на Хелсингланд

уреди

Почнувајќи од 1772 г, принцеви и принцезите во Шведска се назначуваат за војводи/војвотки на разни покраини, но ова е чисто формална титула. Моментално оваа титула ја носи Принцезата Мадлен (1982-), Војвотка од Хелсингланд и Јестрикланд.

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди

61°30′43″N 16°30′25″E / 61.512° СГШ; 16.507° ИГД / 61.512; 16.507