Јуснан (швед. Ljusnan, стнрд. Lusn = „светло“)[3] е река во Шведска со должина од 440 км. Течението започнува од северозападниот дел на покраината Херједален, продолжува низ неа и навлегува во покраината Хелсингланд, па завршува во Ботниското Море. Најголема притока е Вокснан. Реката е мошне добро искористена за производство на електрична енергија со 18 хидроелектрани. Во 2001 г. електраните на Јуснан произвеле вкупно 4,5 ТВч.

Јуснан
Ljusnan
Река
Електрана на реката Јуснан кај Бергвик
Земја Шведска
Утока Ботниско Море
 - височина м
 - координати 61°12′12″N 17°07′57″E / 61.20333° N; 17.13250° E / 61.20333; 17.13250
Должина 430 км [1]
Слив 19.828,1 км2 [2]
Истек
 - просечен 230 м3 [1]
 - максимален 2.500 м3 [1]
Ljusnan position.png

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 1,2 Ljusnan“. Nationalencyklopedin(посет. 14 јули 2010 г) (шведски) (бара претплата)
  2. „Покраините и главните речни сливови на Шведска“ (PDF). SMHI. Посетено на 14 јули 2010. (шведски)
  3. Hellquist, Elof (1922). Svensk etymologisk ordbok. Stockholm: Gleerups förlag. стр. 417.