Меделпад
Меделпад (швед. ⓘ) е историска покраина (landskap) во северниот дел на Шведска. Се граничи со покраините Хелсингланд, Херједален, Јемтланд, Онгерманланд и Ботнискиот Залив.
Меделпад Medelpad | ||
---|---|---|
| ||
![]() | ||
Земја | Шведска | |
Крај | Норланд | |
Округ | Вестернорланд | |
Површина | ||
• Вкупна | 7,058 км2 (2,725 ми2) | |
Население (2009)[1] | ||
• Вкупно | 123,397 | |
• Густина | 17/км2 (45/ми2) | |
Народ | ||
• Наречје | норлендско | |
Култура | ||
• Цвет | смрека | |
• Животно | планински зајак | |
• Птица | крстоклун | |
• Риба | костреш | |
Часовен појас | CET (UTC+1) | |
• Лете (ЛСВ) | CEST (UTC+2) |
Покраината е дел од крајот Норланд и како таква се смета за Северна Шведска, иако географски е сместена во средината на земјата. Интересно е што името на покраината не се однесува на ова, туку на фактот што најголемиот дел е сместен помеѓу реките Јунган и Индалселвен.
Управа Уреди
Традиционалните покраини во Шведска немаат административна и политичка улога, туку претставуваат културно-историски целини. Меделад го опфаќа јужниот дел на административниот округ Вестернорланд.
Географија Уреди
Покраината е на просечна надморска надморска височина од 200-300 м. Највисока планина е Микелмирберјет (577 м). Околу 500 км2 отпаѓа на водни површини. Најголемо езеро е Холмхен, на 200 м надморска височина, проследено од Леринген на приближно иста висина.
Околу покраината се протегаат две позначајни реки: Јунган and Индалселвен.
Историја Уреди
Во минатото, единственото населено место со статус на град е Сундсвал, доделен во 1624. Сундсвал и денес е најголемиот град во покраината, со 50.000 жители. Меделпад има вкупно 120.000 жители.
Знаменитости Уреди
Крајбрежјето на Ботнискиот Залив, наречено Висок Брег (Höga kusten), е прогласено за светско наследство на УНЕСКО. Тлото се искачува по еден сантиметар годишно, како последица од последното Ледено доба кое траело сè до VII милениум п.н.е.
Култура Уреди
Симбол на покраината е планиснкиот зајак, иако поголема популарност ужива измисленото животно сквадер (мешавина од зајак и тетреб).
Наводи Уреди
- ↑ Меделпад - Централна статистичка служба (шведски)
Надворешни врски Уреди
- Средна Шведска Архивирано на 26 април 2006 г. - туристички портал на Меделпад и Онгерманланд
Координати: 62°36′00″ N; 16°15′00″ E / 62.600° СГШ; 16.250° ИГД