Хасан Баба џамија

Хасан Баба џамија (турски: Hasan Baba Cami) - муслимански храм од XVII век, во Битола.[1][2]

Хасан Баба џамија
Хасан Баба џамија, поглед од ул. Цар Самоил
Основни податоци
МестоБитола, Македонија
Координати41°1′46.8552″N 21°18′56.6748″E / 41.029682000° СГШ; 21.315743000° ИГД / 41.029682000; 21.315743000
ПрипадностСунитски ислам
Статусактивна
Архитектонски опис
Архитектонски типџамија
Архитектонски стилотоманска архитектура
Завршен1640
Особености
Должина6 м
Ширина6 м
Минариња1
Хасан Баба џамија, поглед од ул. „Ѓорѓи Стерјовски-Џоџа“

Местоположба

уреди

Џамијата се наоѓа во западниот дел на градот, на раскрсницата на улиците „Цар Самуил“ и „Ѓорѓи Стерјовски-Џоџа“, на десниот брег на Драгор, во населба каде што се населиле многу муслимански бегалци во 19 век кога го добила името Маџар Маало.[1]

Историја

уреди

Џамијата била изградена 1037 – 1049 од хиџра (1628-1640 н.е.) за време на владеењето на султанот Мурат IV (1623 - 1640). Во 1883 година џамијата била обновена од Фазли-паша, командант на Третата армија во Битола.

Историјата на џамијата е заснована на локалната легенда за Хасан Баба Кешфи-ефенди или Хасан Баба-Баш кесик, односно Хасан Баба Обезглавениот. Според оваа легенда Хасан Баба бил ученик на месниот дервиш Џигер Баба кој бил обезглавен како маченик наместо неговиот учител. Хасан Баба носејќи си ја главата пристигнал на местото каде подоцна по наредба на а Мурат IV, на местото од скромниот гроб, му било подигнато турбе, накшбандиско теќе и џамијата. Легендата е слична со популарната легенда за Св. Јован Владимир во Елбасан во 11 век.[1]

Архитектура

уреди

Џамијата е мала, со хармонични сразмери. Тремот е додаден подоцна. Куполата е осумаголна, покриена со ќерамиди, поставена на осумаголен барабан без прозорци. Молитвениот простор е квадратен со основа 6 метри. Ѕидовите се широки 0,9 м. Изградена е од кршен камен со малтер. На секоја страна има по два сводести прозорци и еден помал погоре. Фасадата е украсена со триреден назабен корниз. Внатрешноста е едноставна, со профилирани тромпи и ниша на михработ.[1] Највпечатлива особеност на градбата е многуаголното минаре во селџучки стил. Влезот му е од тремот.

Во дворот на џамијата, во северозападниот дел, има гробови и надгробни споменици украсени во отомански барокен стил од 19 век.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Mihajlovski, Robert. „The Seventeenth Century Ottoman Religious Architecture of Bitola/Manastir“ (PDF). Патримониум. V (10): 291, 292, 300. Посетено на 27 ноември 2021.
  2. „Хасан Баба џамија“. Bitola.info. Посетено на 27 ноември 2021.