Маџар Маало е едно од најпознатите маала во Битола. Жителите на ова маало низ историјата биле познати како најголемите бељаџии во градот кои постојано „војувале“ со останатите битолски маала, посебно со Јени Маале. Денес Маџар Маало е на некој начин близу да стане вториот центар на Битола благодарејќи им на сè поголемиот број на супермаркети, трговскиот центар, пазари и секако на големиот православен храм кој се гради во близината на ова маало. Маџар маало, што на турски значи маало на дојденци, било формирано од битолската турска администрација, со цел да ги собере на едно месот сите дојдени турски семејства, кои биле бегалци од Србија и Косово. Во некои документи се споменува дека 1.100 турски семејства[се бара извор] дошле да живеат во Битола по ослободувањето на Србија од Турците, кога таа станала кралство. Се претпоставува дека скоро сите семејства дошле од Призрен, Врање и Ниш. Маџар Маало се простира од Црн мост до Довлеџик. Во Маџар маало денес постојат две џамии, од кои едната сѐ уште е во функција.

Според некои, маџармаалските Турци не биле прифатени од градските Турци, и биле нарекувани „дојденци“ и градските Турци често биле во конфликт со нив, па така останало преданието дека маџармаалци се најголеми „бељаџии“.

Поврзано

уреди