Харуки Мураками (јапонски: 村上春樹; 村上春樹; Кјото, 12 јануари 1949) – еден од најпознатите современи јапонски писатели надреалисти и добитник на престижни книжевни награди. Неговите книги и раскази се бестселери како во Јапонија, така и на меѓународно ниво со преводи на неговите дела на 50 јазици[1].

Харуки Мураками
村上 春樹
Мураками во 2005 година, предавање на Масачусетскиот институт за технологија.
Роден/а12 јануари 1949(1949-01-12)(75 г.)
Кјото, Јапонија
Занимањероманописец, раскажувач, есеист, преведувач
Националностјапонска
Жанрфикција, надреализам, магичен реализам, научана фантастика, воспитен роман, пикарски роман, реализам
Значајни дела
Потпис
мрежно место
harukimurakami.com

Животопис

уреди

Харуки Мураками е роден во Кјото, но поголемиот дел од своето детство го поминал во Кобе[2]. Неговиот татко бил син на будистички свештеник[3], а неговата мајка била ќерка на трговец од Осака[4]. Двајцата предавале јапонска книжевност[5].

И покрај тоа, Мураками повеќе го интересира американската книжевност, што го издвојува од главната струја на јапонски писатели.

Студирал драма на универзитетот Васеда во Токио каде ја запознал својата идна сопруга Јоко. Неговото прво вработување било во продавница за грамофонски плочи. По завршувањето на студиите во 1974 година, отвора џез бар Питер Кет (Peter Cat) во Токио, кој работи сè до 1982 година[6]. Темата на многу од неговите романи, како и самите наслови, се поврзани со музиката: Играј, играј, играј (од групата Делс (The Dells)), Норвешка шума (според песната на Битлсите) и Јужно од границата, западно од Сонцето (првиот дел е наслов на песната од Нет Кинг Кол).

Мураками почнал да пишува во своите рани триесетти години. Како што сам рекол, гледајќи бејзбол натпревар, одеднаш почувствувал необјасниво вдахновение за пишување на својот прв роман (Слушај ја песната на ветрот, 1979 година)[7]. Неколкуте наредни месеци пишувал само по неколку саати после завршувањето на работниот ден во барот, така што успевал да напише само кратки поглавја. Откога го завршил, романот го испратил на единствениот конкурс кој сакал да прифати дело со таква должина и освоил награда.

Овој првичен успех го охрабрил да продолжи со пишување. Година дена подоцна го издава продолжението Флипер во 1973 година. Во 1982 година го издава Лов на дива овца. Во 1985 година го објавува Тврдо варена земја на чудесата и крајот на светот.

Светски позната Мураками станува со објавувањето на Норвешка шума, носталгична приказна за загубата и сексуалноста. Во Јапонија продадени се милион копии. Меѓу младите во Јапонија, Мураками станал суперѕвезда. Книгата е печатена во два дела кои се продавале заедно. Едната била зелена, а другата црвена. Најзагрижените обожаватели својата наклоност ја изразувале книга со зелена или црвена боја. Во 1986 година Мураками ја напушта Јапонија и патува во Европа и се настанува во САД.

Меѓу останатото, предава на универзитетот во Принстон. Токму во тоа време ги пишува романите Играј, играј, играј и Јужно од границата, западно од Сонцето.

Кратките раскази се важен дел од опусот на Мураками. Расказите напишани во периодот меѓу 1983 и 1990 година објавени се по наслов Слонот исчезнува. После потресот исто така е збирка раскази.

Дела

уреди

Некои од неговите најпознати романи се:

  • Слушај ја песната на ветрот (1979)
  • Флипер (1973)
  • Заварена земја на чуда и крајот на светот (1985)
  • Норвешка шума (1987)
  • Играј, играј, играј (1988)
  • Јужно од границата, западно од Сонцето (1992)
  • Книги раскази: Повторен напад на пекарницата (1993)
  • Хроника на птицата која навива саат (1994)
  • Спутник љубов (1999)
  • После потресот (2000)
  • Кафка на брегот (2002)
  • Кога ќе падне ноќта (2004)
  • 1Q84 (2010)
  • Безбојниот Цукуру Тазаки и неговите години на поклонение (2013)
  • Убиството на командантот ( 2017)
  • Прво лице еднина (2020)

Работа

уреди

Мураками на јапонски ги преведувал Фицџералд, Карвер, Ирвинг, Капотии други американски писатели. После повеќегодишен период поминат во Америка и Европа, сега живее во Јапонија, а работи како гостувачки професор на Универзитетот Принстон во САД.

Награди

уреди

Тој е шестиот добитник на наградата „Франц Кафка“ за романот Кафка на брегот.

Критичарите го сметаат за важна фигура во постмодерната книжевноста, а Гардијан го пофалил како „еден од најголемите светски живи романописци“.

Филмови

уреди

Првиот роман на Мураками Слушај ја песната на ветрот е екранизиран во 1981 година.

Во 2004 година излегува филмот Тони Такитани кој е снимен во истоимениот краток расказ на Мураками.

Најпосле, во 2010 година снимен е филмот Норвешка шума, екранизација на истоимениот роман на Мураками.

Наводи

уреди
  1. Curtis Brown (2014), "Haruki Murakami now available in 50 languages", curtisbrown.co.uk, February 27, 2014: "Following a recent Malay deal Haruki Marukami's work is now available in 50 languages worldwide."
  2. "Murakami Asahido", Shincho-sha,1984
  3. Tandon, Shaun (March 27, 2006). „The loneliness of Haruki Murakami“. iAfrica.
  4. Rubin, Jay (2002). Haruki Murakami and the Music of Words. Harvill Press. стр. 14. ISBN 1-86046-986-8.
  5. Naparstek, Ben (June 24, 2006). „The lone wolf“. The Age. Melbourne.
  6. Goodwin, Liz C. (November 3, 2005). „Translating Murakami“. Harvard Crimson.
  7. Phelan, Stephen (February 5, 2005). „Dark master of a dream world“. The Age. Melbourne.