Норвешка шума (ノルウェイの森 (Noruwei no Mori)) е роман од 1987 на јапонскиот писател Харуки Мураками.[1] Романот раскажува носталгична приказна за загубата и за будечката сексуалност.[2] Приказната е раскажана во прво лице преку ликот на Тору Ватанабе, кој се присетува на своите студентски денови во Токио.[3] Преку сеќавањата на Ватанабе, читателите го следат развојот на врски со две различни девојки—убавата, но емоционално нестабилна Наоко, и комуникативната и жива Мидори.[4]

Норвешка Шума
Податотека:NorwegianWood.jpg
Прво издание на англиски јазик
АвторХаруки Мураками
Изворен наслов'Noruwei no Mori
ノルウェイの森
ЗемјаЈапонија
ЈазикЈапонски
ЖанрБилдунгсроман, романтичен романl
ИздавачKodansha
Издадена
1987
Медиуммек повез
ISBN0-375-70402-7 (американско издание)
ISBN 0-09-944882-3 (британско издание)
ISBN 4-06-203516-2 (јапонско издание)
OCLC42692182
895.6/35 21
Клас. КБPL856.U673 N6713 2000
издание напишано од Харуки Мураками

Дејството на романот се одвива кон крајот на 1960-тите во Токио, во период кога јапонските студенти, како и оние на многу други држави, протестирале против воспоставениот поредок.[5] Иако служи само како подлога за дејството во романот, Мураками (низ очите на Ватанабе и Мидори) го прикажува студентското движење како претежно слабоволно и лицемерно.

Мураками го адаптирал првиот дел од романот од ран претходен расказ, со име „Светулка“. Приказната подоцна беше вклучена во колекцијата Слепа врба, Заспана жена.[6]

Норвешка шума има доживеано огромна популарност кај јапонската младина и го има претворено Мураками во супер-ѕвезда во неговата родна земја (наспроти неговото лично незадоволство со популарноста).[7][8] Во 2010 година излегува истоимената филмска адаптација, во режија на Тран Анх Хунг.

Ликови

уреди
  • Грешка во Lua во Модул:Lang, ред 1670: attempt to index field 'engvar_sel_t' (a nil value) - главниот јунак и раскажувач. Просечен студент на драмскиот факултет во Токио. Неговата заинтересираност за драмата е произволна и неодредена. За разлика од повеќето студенти, тој е заинтересиран за западната, а особено за американската литература Тој е најдобриот пријател на Кизуки и развива романтични врски со Наоко, а подоцна и Мидори.
  • Грешка во Lua во Модул:Lang, ред 1670: attempt to index field 'engvar_sel_t' (a nil value) - убава, но емотивно кревка девојка, отпрвин во врска со Кизуки, а подоцна во врска со Ватанабе. Постарата сестра на Наоко го одзема животот на 17 години, што заедно со самоубиството на Кизуки има траен ефект врз емоционалната стабилност на Наоко.
  • Грешка во Lua во Модул:Lang, ред 1670: attempt to index field 'engvar_sel_t' (a nil value) - жива, комуникативна и провокативна соученичка на Ватанабе. Таа и нејзината сестра му помагаат на нивниот отсутен татко да раководи со мала книжарница по смртта на нејзината мајка од рак на мозок. Таа првично има момче, но развива чувства кон Ватанабе, откако повеќе го запознава, ставајќи го Ватанабе во тешка ситуација.

Наводи

уреди
  1. Winterton, Bradley (January 7, 2001). „Exploring the map of one's inner existence“. Taipei Times. Посетено на 2008-12-20.
  2. Bauer, Justin (October 5, 2000). „This Bird Has Flown“. Philadelphia City Paper. Архивирано од изворникот на May 3, 2005. Посетено на 2008-12-20.
  3. Poole, Steve (May 27, 2000). „Tunnel vision“. The Guardian. Посетено на 2008-12-20.
  4. Lindquist, Mark (June 3, 2001). „Japanese author's focus, flavor appeal to younger interests“. Seattle Times. Архивирано од изворникот на 2016-09-17. Посетено на 2008-12-20.
  5. Houpt, Simon (August 1, 2008). „The loneliness of the long-distance writer“. The Globe and Mail. Архивирано од изворникот на December 22, 2008. Посетено на 2008-12-20.
  6. Rafferty, Terrence (September 15, 2006). „Review: Blind willow, sleeping woman“. International Herald Tribune. Посетено на 2008-12-20.
  7. Lewis-Kraus, Gideon (February 6, 2005). „Convergence of separate odysseys“. San Francisco Chronicle. Посетено на 2008-12-20.
  8. Naparstek, Ben (June 24, 2006). „The lone wolf“. The Age. Посетено на 2008-12-20.