Награда „Франц Кафка“

(Пренасочено од Награда Франц Кафка)

Наградата „Франц Кафка“ е меѓународна книжевна награда во чест на славниот писател Франц Кафка. Почнала да се доделува во 2001 г. на иницијатива на нејзините организатори - Друштвото „Франц Кафка“ и градот Прага (Чешка). Доделувањето се одржува во октомври секоја година, во стариот градски дом во Прага. Лауреатот добива 10 000 американски долари, признаница и бронзена статуетка.

Награда „Франц Кафка“
ДржаваЧешка Уреди на Википодатоците
ДоделуваFranz Kafka Society Уреди на Википодатоците
Мрежно местоhttp://www.franzkafka-soc.cz/cena-franze-kafky/ Уреди на Википодатоците

Критериумот за доделување на наградата гласи: „за хуманистичкиот карактер на делото и неговиот придонес кон културната, националната, јазичната и верската толеранција, како и неговиот егзистенцијален и вечен карактер, општочовечка непобитност и способноста да остави сведоштво за времето во кое живееме.“[1]

Добитници

уреди
Година Име Земја
2013[2][3] Амос Оз   Израел
2012[4] Даниела Ходорова   Чешка
2011[5] Џон Бенвил   Ирска
2010[6] Вацлав Хавел   Чешка
2009 Петер Хандке   Австрија
2008[7] Арношт Лустиг   Чешка
2007[8] Ив Бонфоа   Франција
2006[9] Харуки Мураками   Јапонија
2005 Харолд Пинтер   Обединето Кралство
2004 Елфриде Јелинек   Австрија
2003[10] Петер Надаш   Унгарија
2002[11] Иван Клима   Чешка
2001 Филип Рот   САД

Добитници по држава

уреди
  Чешка 4
  Австрија 2
  Франција 1
  Унгарија 1
  Ирска 1
  Израел 1
  Јапонија 1
  Обединето Кралство 1
  САД 1
Вкупно 13

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Наградата „Франц Кафка“ - Друштво „Франц Кафка“. проверено на 23 февруари 2008 (англиски)
  2. „Israeli Author Amos Oz Wins Franz Kafka Prize“. AP. May 27, 2013. Архивирано од изворникот 2013-05-28. Посетено на May 30, 2013.
  3. „Amos Oz – the New Laureate of the Franz Kafka Prize“. Franz Kafka Society. 28 мај 2013. Архивирано од изворникот на 2018-11-06. Посетено на 30 мај 2013.
  4. „Franz Kafka Prize goes to Czech writer Daniela Hodrová“. literalab. 25 мај 2012. Посетено на 25 мај 2012.
  5. Спејн, Џон (26 мај 2011). „Бенвил доби врвна книжевна награда“. Irish Independent. Посетено на 26 мај 2011. (англиски)
  6. „Вацлав Хавел ја доби наградата „Франц Кафка". CBC News. 27 октомври 2010. Посетено на 27 октомври 2010. (англиски)
  7. „Писателот Лустиг ја доби наградата „Франц Кафка". Agence France-Presse. 9 април 2008. Архивирано од изворникот на 2020-02-12. Посетено на 9 април 2008. (англиски)
  8. „Францускоит поет Бонфоа ја доби наградата „Франц Кафка". CBC News. 30 октомври 2010. Посетено на 30 октомври 2010. (англиски)
  9. „Јапонскиот писател Харуки Мураками ја доби наградата „Франц Кафка". ABC News. 31 октомври 2006. Посетено на 31 октомври 2006. (англиски)
  10. Хоракова, Павла (31 октомври 2003). „Друштвото „Франц Кафка" го награди Петер Надаш“. Радио Прага. Посетено на 31 октомври 2003. (англиски)
  11. Хоракова, Павла (31 октомври 2002). „Писателот Иван Клима ја доби наградата „Франц Кафка". Радио Прага. Посетено на 31 октомври 2002. (англиски)