Харалд III (Норвешка)

Крал на Норвешка од 1046 до 1066
(Пренасочено од Харалд Суровиот)

Харалд III Суровиот, (норвешки: Harald Hardråde, Харалд Хардроде) — крал на Норвешка од 1046 до 1066 (до 1047 заедничко со неговиот роднина Магнус I). Управувањето му се поврзува со постојани и неуспешни обиди за завладување на Данска. Харалд е убиен при обидите да завладее со Англија, но со успесите против македонските владетели во служба на византиската држава.

Харалд III
Портрет на Харалд III во катедралата „Св. Магнус“ во Керквол, Оркниски Острови, Шкотска
Крал на Норвешка
На престол1046 – 25 септември 1066
ПретходникМагнус I
НаследникМагнус II
СовладетелМагнус I (до 1047 г.)
Роден(а)~ 1015
Рингерике, Норвешка
Починал(а)25 септември 1066(1066-09-25) (возр. 50–51)
Стемфорд Бриџ, Јоркшир, Англија
Почивалиште
СопружникЕлизавета Киевска
Тора Торбергсдатер
ДецаИнгегерда (кралица на Данска и Шведска)
Марија Халалдсдотир
Магнус II (крал на Норвешка)
Олаф III (крал на Норвешка)
Полно име
Харалдр Сигурдарсон
ДинастијаХардродска
ТаткоСигурд Сир
МајкаОста Гудбрандсдатер
Вероисповедкатолицизам

Животопис

уреди
 
Споменик на Харалд III во Осло

Харалд Сигурдсон Хардроде е роден во 1015. Тој е син на Сигурд Сир, норвешки конунг од потеклото на првиот норвешки крал Харалд Убавокосиот. Мајка му е Аста Гудбрандсдатер, којашто била омажена за Харалд Гренландецот, од кого што го раѓа Свети Олаф II, но по смртта на мажот си, се омажува повторно за Сигурд Сир. На тој начин Харалд Хардроде е полубрат на Свети Олаф II по мајчина линија.

Уште како дете Харалд се одликувал со воинствена нарав. Во 1030 г. на 15-годишна возраст учествува во Битката кај Стикластадир , против Кнут Велики, во којашто Свети Олаф II загинува. Самиот Хардроде е ранет и извесно време се сокрива, додека се лекува, а потоа ја напушта Норвешка. Надвор од границите на државата тој собира воен одред и се префрла во Киевска Русија во служба на Јарослав I.

Византиска служба и битки во Македонија

уреди
 
Варијашката гарда во Цариград. Илустрација во летописот на Јован Скилица.

Неколку години подоцна Харалд со дружината заминува за Цариград, каде што се најмени од царот. Во византиска служба тој се одликува во неколку воени походи, во коишто раководи релативно самостојно со варјашки воени единици. Тие учествуваат во војната со арабјаните во Сицилија. Во војната против македонскиот цар Петар Делјан, во којашто Византија повторно успева да воспостави својата власт над Македонија во 1041 г., норманите имаат придонес, којшто е решавачки во клучната Островска битка, а старата Самуилова престолнина Преспа е уништена од страна на норманите, командувани од идниот крал на Норвешка и основач на денешниот главен град Осло, викингот Харалд Хардроде, опишан во една сага. Во почетокот на 40-те години на 11 во. Харалд се враќа во Киев, каде што се оженил за Елисавета Јарославна, ќерка на Јарослав Мудриот.

Враќање во Скандинавија

уреди

Во 1045 Харалд Хардроде се враќа во Норвешка со значителни финансиски средства и воени сили и неговиот роднина Магнус I е принуден да го признае за совладетел. Харалд ги посветува следните 16 години на обиди да ја потчини Данска, отстранувајки го од престолотСвенд II. Во 1047, за време на битка со данците, кралот Магнус I е убиен и Харалд Хардроде станува самостоен владетел на Норвешка. Судирите со Данска престанале дури во 1062, кога Харалд и Свенд взаемно се признаваат за кралеви на двете држави.

Во 1066 Харалд изјавува претензии кон престолот на Англија и со помош на графот на Нортумбрија Тостиг се истоварил во североисточниот дел на земјата. По првичниот успех во Битката кај Фалфорд, норвешките војски се разбиени од англискиот крал Харолд Годвинсон во Битката кај Стемфорд Бриџ, при што Харалд и Тостиг загинуваат. Меѓутоа, неколку недели подоцна Харолд Годвинсон е победен во Битката кај Хејстингс и Англија е завладена од норманите.

Харалд III е наследен од неговитесинови Магнус II Харалдсон и Олаф III Хуре.

Семејство

уреди

Во 1043/1044 г. Харалд се оженил за киевската кнегиња Елисавета Јарославна, од којашто имал две ќерки:

  • Ингегерд Харалдсдатер, омажена за данскиот крал Олаф I (починал 1095 г.), а подоцна за шведскиот крал Филип Халстенсон;
  • Марија Харалдсдатер (починала 1066 г.)

Од Тора Торбергсдоттер Харалд имал двајца синови, коишто станале кралеви на Норвешка:

  • Магнус II Харалдсон, крал на Норвешка од 1066 до 1069 г.
  • Олаф Хуре, крал на Норвешка од 1066 до 1093 г.


Библиографија

уреди
  • Sаwyеr, P.H. (1994).Kings аnd Vikings. pgs 118 – 20, 146 – 47. Bаrnеs аnd Noblе Books, Nеw York.
  • Sturluson, Snorri (2005). King Hаrаld's Sаgа (Pаrt of thе Hеimskringlа). pgs 45, 46, 47. Pеnguin Clаssics.
  • Wаßеnhovеn D., Skаndinаviеr untеrwеgs in Еuropа (1000 – 1250), Аkаdеmiе-Vеrlаg, 2006, ISBN 3-050-04285-0

Надворешни врски

уреди
Харалд Хардрада
Роден(а): ок. 1015 Починал(а): 25 септември 1066
Владејачки титули
Претходник
Магнус I
Крал на Норвешка
1046–1066
со Магнус I (1046–1047)
Наследник
Магнус II