Ханс ван де Ваарсенбург
Ханс ван де Ваарсенбург (холандски: Hans van de Waarsenburg) (1943, Хелмонд, Холандија) - холандски поет.
Животопис
уредиОд 1995 до 2000 година, ван де Ваарсенбург бил претседател на Холандскиот ПЕН центар. Во 1997 година бил назначен за претседател на големата поетска манифестација „Мастришки меѓународни поетски вечери“ (The Maastricht International Poetry Nights).[1]
Творештво
уредиСвојата прва поетска збирка, со наслов „Песни“ (Gedichten), ван де Ваарсенбург ја објавил во 1965 година. Во 1973 година, за збирката „Сивеењето“ (De vergrijzing), тој ја добил наградата за поезија „Јан Камперт“. Во март 2004 година, како признание за целокупниот поетски опус, ван де Ваарсенбург ја добил Општинската награда на Советот на Хелмонд. Освен поезија, тој пишува и проза за деца.[1]
Поважни дела на ван де Ваарсебнург се:[1][2]
- Песни (Gedichten), 1965
- Сивеењето (De vergrijzing), 1973
- Жедта на пристанишните градови, 1990
- Јужен ѕид (Zuidwal), 1995
- Описи на езерото (Beschrijvingen van het meer), Rotterdam, Bѐta Imaginations, 2000
- Избрани песни (1980-2000), Скопје, Блесок, 2002
- Каде и да водат патиштата (Waar de wegen waren), Amsterdam, Wereldbibliotheek, 2003
- Морски пејзажи и други песни (Paisajes Marinos y otros poemas), Mѐxico, D.F., Trilce Ediciones, 2004
- Преку полињата /Over de velden / Across the fileds, Скопје, Блесок, 2006
- Азул (Azul), Amsterdam, Wereldbibliotheek, 2006
За поезијата на ван де Ваарсенбург
уредиВо своето творештво, ван де Ваарсенбург ги варира и интензивира своите стандардни теми и мотиви. Тој не е иноватор, ниту пак им робува на модерните трендови. Клучот на неговото дело е лојалноста кон луѓето околу него и кон нивните мотиви и желби. Збирката „Јужен ѕид“ го потврдува ван де Ваарсенбург како меланхолик, бидејќи во неа преовладуваат мрачни тонови, тага и носталгија. Но, неговата меланхолија е борбена, одразувајќи го неговиот политички ангажман во 1960-тите. Во неговите песни се присутни војните, уништувањето на човекот и природната средина од индустријата и експлоатацијата.[2]