Меланхолија
Меланхолија — душевна болест која се одликува со беспричинска тага, нерасположение, страв, забавени душевни функции и склоност кон самоубиство. Во минатото, од 5-4 век п.н.е. во списите на Хипократ, меланхолијата била опишана како состојба на болест која се одликува со „недостаток на апетит, очај, несоница, раздразливост, вознемиреност“. Исто така се тврдело дека „тагата и стравот, кога траат долго време, предизвикуваат меланхолија“. Денес, меланхолија се смета за ист феномен како и депресивното растројство.
Според старата хипократска теорија за четирите темпераменти, меланхолијата е резултат на нерамнотежа во човечката душа предизвикана од доминацијата на супстанција произведена од жолчката, која се шири низ крвта во телото.
По откривањето на циркулацијата на крвта од страна на Вилијам Харви во 1628 година, оваа теорија го изгубила своето значење.
Меланхолијата како мотив во уметноста и во популарната култура
уреди- „Меланхолија“ — песна на македонската поетеса Јованка Денкова.[1]
- „Меланхолија“ — песна на македонскиот поет Јован Котески.[2]
- „Меланхоличар“ — песна на македонскиот поет Јован Котески.[3]
- „Меланхолија I“ (Melencolia I) — бакрорез на германскиот ренесансен мајстор Албрехт Дирер од 1514 година.
- „Меланхолија“ (англиски: Melancholia) e филм од 2011 година, во режија на Ларс фон Трир (Lars von Trier).[4]
Наводи
уреди- ↑ Јованка Денкова, Исповед на бршленот. Штип: Јованка Денкова, 2024, стр. 93-94.
- ↑ Јован Котевски, Пеплосија. Мисла, Скопје, 1966, стр. 18.
- ↑ Јован Котевски, Пеплосија. Мисла, Скопје, 1966, стр. 73.
- ↑ IMDB, Melancholia (2011) (пристапено на 27.10.2014)