Хавиер Серкас
Хавиер Серкас Мена (1962) е шпански писател и преведувач. Докторирал на шпанска литература. Две години предавал на Универзитетот во Илиноис, а од 1989 година работи како професор по шпанска литература на Универзитетот во Џирона. Пишува литературни есеи за каталонското издание на дневниот весник Ел Паис. Неговите дела се преведени на повеќе од 20 јазици. Тој важи за еден од најпопуларните шпански современи писатели.
Хавиер Серкас Мена | ||
Роден | 1962 Ибаноернандо, провинција Касерес Шпанија |
---|
Објавени дела
уредиРомани
уреди- Мотив, збирка од пет приказни (1987), подоцна соединети во една (2003)
- Подстанар (1989)
- Китова утроба (1997)
- Војници на Саламина (2001) по кој е снимен филм. Сценарио и режија се на Давид Труеба.
- Брзина на светлоста (2005)
Летописи, статии и есеи
уреди- Добра сезона, збирка статии од весник (1998)
- Реални приказни (2000)
- Агамемнонова истина (2006)
Критики
уреди- Књижевното дело на Гонсала Суареса (1993)
- Анатомија на еден момент (2009)
Преводи
уредиПомеѓу други преводи работел од каталонски на шпански јазик
- Гуадалахара (1997), шп. Осумдесет и шест приказни (2003), Splassshf (2004), писател Ким Монзоа
- Фрнасеск Трабал - Човекот који се изгубил (1992)
од англиски на шпански:
Награди
уреди- Добитник е на неколку награди во 2001 година во Шпанија, британското списание „Индипендент“ - Награда за странска фантастика 2004 година . и наградата Гринзан Кавур - Италија 2003 година за романот Војници на Саламина
- Добитник е на Националната награда за литература (проза) 2010 година, за неговото последно дело „ Анатомија на еден момент“ . Оваа награда ја доделува шпанското Министерство за култура за романи објавени изминатата година на кој било од шпанските јазици.
- Награда за критика во Чиле
Како и други награди по избор од читатели и издавачки куќи во Шпанија.