Хавиер Анхел Енсинас Бардем (Javier Ángel Encinas Bardem, 1 март 1969 година) е шпански глумец. Тој е познат по улоги во филмови како: Шунка, шунка (Jamón, Jamón), Живо месо (Carne Tremula), Усни на усни (Boca a Boca), Сончевите понеделници (Los Lunes al Sol) и други.

Хавиер Бардем
Бардем на филмскиот фестивал во Торонто, 2007 г.
Роден(а)Javier Angel Encinas Bardem
1 март 1969(1969-03-01)(55 г.)
Лас Палмас де Гран Канарија, Шпанија
Занимањеглумец
Активен1990–present
СопружникПенелопе Круз (2010–)

Бардем е добитник на Оскар, Златен глобус, БАФТА награда, четири Гоја награди, две награди за европски филм, награда за најдобар глумец во Кан и две Copa Volpis награди во Венеција за своето дело. Тој е првиот шпански глумец номиниран за оскар за најдобар глумец, 2000 година, за филмот Пред да падне ноќ (Before Night Falls), кога изгубил од Расел Кроу за Гладијатор, како и првиот глумец кој добил оскар за споредна улога во филмот Нема земја за старци (No Country for Old Men), и тоа во категоријата за најдобра машка споредна улога, а не во категоријата за филм од неанглиско говорно подрачје.

Младост

уреди

Бардем е роден во Лас Палмас де Гран Канариа на Канарските Острови, Шпанија, син на Карлос Енсинас и глумицата Пилар Бардем. Бардем потекнува од семејство на режисери и глумци кои се занимавале со филмска умтеност уште од најраните денови на шпанскиот филм; тој е внук на глумците Рафаел Бардем и Матилде Муњос Сампедро и на сценаристот и режисерот Хуан Антонио Бардем. И постарите брат и сестра на Хавиер Бардем се глумци.

На возраст од шест години Бардем за првпат се појавил на големото платно, во филмот El Pícaro (Подлецот), а настапил и во неколку телевизиски серии пред да се префрли на сликање, а подоцна и на спорт. Пред да почне професионално да се занимава со глумење, Бардем играл рагби во Шпанија.[1]

Во младите години тој настапувал во разни телевизиски шоуа, но сè уште не покажувал интерес за глумечка кариера. Во 1986 година, Бардем настапил во серијата на Педро Масо во 12 дела, Segunda Enseñanza, тој кратко патувал со глумечката екипа на независниот театар, појавувајќи се во El Medico a Palos и El Sombrero de Tres Picos, а во 1989 година настапил во Brigada Central, повторно за Педро Масо. Истата година се претставил како супермен во утринското шоу “El Dia Por Delante”, мешавина од комедија, најнови вести и разговори, водено од Пепе Наваро. Иако овие настапи биле забавни, тој не ги сфаќал сериозно. Тие му носеле пари, исто како што заработувал како вратар, градежен работник и стриптизер (само за една вечер).

Кариера

уреди

Почеток, 1990 - 1999 година

уреди

На возраст од 20 години, кога стапил во контакт со Бигас Луна за настапување во претстојниот филм, The Ages of Lulu, Бардем решил да го следи семејното занимање. Откако се консултирал со мајка си бил советуван да го сфати посериозно глумењето доколку сака да го работи тоа. Во филмот тој игра привлечен и шармантен бисексуалец. Некои го оценуваат филмот како еротско ремек дело, други како нискобуџетен порно филм. Без разлика на различните критики за филмот, Бардем извонредно ја одиграл улогата на харизматичен и насилно прагматичен макро.

 
Бардем во 2009 година

По кратка улога во мини-серијата Tango, El Baile Del Poder, тој добил споредна улога во филмот ''Високи потпетици'', од најпознатиот шпански режисер, Педро Алмодовар, во кој исто така играле милениците на Алмодовар, Антонио Бандерас и Викторија Абрил. Високи потпетици зборува за љубомора помеѓу мајка и ќерка и убиствен љубовен триаголник, и е вториот филм со најголеми приходи во историјата на шпанскиот филм. По овој голем успех следи уште една мала соработка, овој пат во филмот Amo Tu Cama Rica.

Во 1992 година, тој го направил својот прв меѓународен хит со црната комедија Jamón, Jamón, во улога на мачо жиголо, во кој исто така настапува Пенелопе Круз. Со овој филм Бардем повторно остварил соработка со режисерот Бигас Луна, но овој пат тој ја играл главната улога. Филмот се здобил со шест Гоја номинации, како и шпекулации за Бардем и Круз, и станал култен хит низ светот. Успехот на филмот му донел на Хавиер голем публицитет. Поради популарноста што му ја донел овој филм, Бардем бил нападнат во диско во Мадрид, каде се здобил со скршеници на носот, и на 24 годишна возраст бил принуден да се откаже од рагбито, споротот кој го сакал уште од мал.

Неговиот лош англиски веќе почнал да го чини филмски улоги, бидејќи бил принуден да ја одбие улога во оригиналната лондонска преработка на претставата Hysteria од Тери Џонсон, каде требало да го игра Салвадор Дали на познатиот состанок со Зигмунд Фројд во 1938 година. Улогата подоцна му била доделена на Тим Потер, а претставата добила “Olivier” награда за најдобра комедија во 1994 година. Во 1993 година, Бардем играл уште две споредни улоги, најпрво во Двојазичниот љубовник (El Amante Bilingüe), а потоа во Huidos на Санчо Гарсија, приказна за отпорот на републиканците за време на Шпанската граѓанска војна. По овие улоги следи првата значајна улога на Бардем, во Golden Balls, неговата трета соработка со Бигас Луна. Во улога на брилијантен, суров и екстремно чуден сонувач осуден на пропаст, тој дал извонредна изведба, која му ја донела втората номинација на Гоја наградите.

Бардем повторно остварил соработка со Хорди Моља, ѕвездата од Jamón, Jamón во Prognostic Reservat. Тој, исто така, прифатил кратка но значајна улога во филмот Броени денови (Días Contados). Сепак, најпознатата изведба на Бардем во 1994 година била улогата во филмот Детективот и смртта во режија на Гонсало Суарез, нецелосно заснован на Приказната за една мајка (на дански: Historien om en moder)на Ханс Кристијан Андерсен. Тоа бел еден чуден, насилен филм со добри визуелни ефекти и мрачна филмска музика. Филмот бил номиниран за пет Гоја награди, а Бардем освоил Silver Seashell награда на филмскиот фестивал во Сан Себастиан. 1995 година му донела уште повеќе признание. Годината започнала со улога во краткометражната црна комедија за семејни врски, Мајката (La Madre), режирана од неговиот братучед Мигел, во која глумела и мајка му на Бардем, Пилар. Потоа следи Усни на усни, во режија на Мануел Гомес Переира, напишан од Хоакин Ористрел. Во овој филм, Бардем игра амбициозен глумец, кој осакатен од срам и несигурност во себе, слаб со пари и во исчекување на улога во американски филм прифаќа работа како хотлајн оператор и токму тука успева да и пристапи храбро на “глумата”. За жал, сè тргнува наопаку кога ја запознава муштериката Аитана Санчес-Гијон, која го вовлекува во измама и љубовен триаголник. Филмот е номиниран за осум Гоја награди, од кои Бардем добива награда за најдобра машка улога.

Откако се појавил во филмот на Педро Перес Хименес, Mambru, следната улога на Бардем е во филмот Éxtasis на Маријано Баросо, психолошки трилер кој зборува за алчност, заведување и предавство. Истата 1996 година, ќе му донесе на Бардем два меѓународно познти улоги. Најпрво улогата во филмот Más que amor, frenesí. Напишан и режиран во соработка на Мигел Бардем, во филмот играат и неговите брат и сестра, Карлос и Моника, и, за првпат после Jamón, Jamón, Пенелопе Круз. Со Пенелопе Круз, Бардем соработува и во филмот Љубовта е штетна по здравјето (El Amor Perjudica Seriamente La Salud), втор филм со Мануел Гомес Переира и писателот Хоакин Ористрел. Филмот ја прикажува Круз многу кратко, а Бардем на само неколку секунди. 1997 година за Бардем почнува со филмот Airbag, “бучна” комедија во улога на мајката на Бардем, Пилар, како и поранешната Марија де Медеирос.

Како веќе утврдена филмска ѕвезда во Шпанија, Бардем започнал повторна соработка со Педро Алмодовар. Тие соработувале во филмот Живо месо во 1997 година. За Бардем ова бело повторно соработување и со мајка си, Пилар, Либерто Рабал, Франческа Нери и Пенелопе Круз (која се појавила само во една сцена на почетокот). Бардем игра парализиран кошаркар во количка. Улогата во Живо месо била комплицирано и умешно, политички и апсурдно, фасцинантно и брилијантно одиграна, поради што му донела повторна номинација на Гоја наградите. Последниот филм на Бардем за 1997 година е Perdita Durango, во улога на ограбувач на банки. Следното појавување на Бардем е во црната комедија на Сантјаго Сегура, Torrente, el brazo tonto de la ley. Филмот бил критикуван како екстремно суров и навредил; сепак, филмот станал најголем боксофис хит во Шпанија. 1999 година е уште една успешна година за Бардем. Најпрво, тој повторно се здружил со партнерите Переира и Ористрел во филмот Помеѓу твоите нозе (Entre Las Piernas), комична драма за предавство, уцена и лудило, во кој настапиле и поранешните колеги Викторија Абрил и Кармело Гомес. По овој филм следи филмот Los Lobos de Washington, повторна соработка со режисерот на Éxtasis, Маријано Баросо и глумецот Хосе Санчо од Живо месо. Понатаму, следи филмот Segunda Piel со Хорди Моља и Андријана Хил.

Холивудска слава

уреди
 
Бардем на Канскиот филмски фестивал.

Иако неговата слава била ограничена на земјата од каде доаѓа, Бардем не останал незабележан во светот на англиското говорно подрачје. Во 1997 година, Џон Малкович му понудил улога на Бардем во својот прв филм,The Dancer Upstairs. Иако се чувствувал поласкан од понудата, тој ја одбил улогата поради лошиот англиски. Необесхрабрен, Малкович ги потрошил следните три години барајќи финансии за својот проект. Во меѓувреме, славниот артист и режисер, Џулијан Шнабел, работел филм заснован на мемоарите на Реиналдо Аренас, кубански поет и романописец/новелист прогонуван поради хомосексуалноста и либерализмот од страна на пост-револуционерната влада на Кастро. Шнабел го замолил Бардем да ја игра споредната улога, на што Бардем одговорил негативно, па улогата ја добил Оливер Мартинес. Откако бил одбиен и од познатиот холивудски глумец Бенисио дел Торо, Шнабел му ја дал главната улога на Бардем. Хавиер сметал дека е речиси невозможно да зборува течно англиски со кубански акцент, но понудата за главна улога била извонредна прилика што не сакал да ја пропушти. Откако го замолил Шнабел да му даде неколку недели за размислување, Бардем отпатувал за Куба со цел да открие нешто повеќе за животот на Аренас, барајќи луѓе на улица кои го знаеле поетот, многу од кои биле сè уште исплашени да зборуваат. Откако се уверил дека оваа улога ќе го направи горд, започнал со интензивни подготовки. Загубил околу 14 килограми, како и секаков знак на машкост. Поминувал осум часа во денот со професор по англиски.

Првиот филм на англиски на Хавиер, Пред да падне ноќ (Before Night Falls) во 2000 година, се пробил интернационално. Хавиер го прикажал Аренас од 17 годишно момче, полно со живот и на работ на сексуалното будење, до блед 45 годишен човек кој, уништен од Сида, посакувал да умре. Бардем бил добитник на Volpi Cup награда во Венеција, бил номиниран за Златен глобус и станал првиот Шпанец номиниран за оскар за најдобар глумец. Филмот му донел светска слава на Бардем. Следното појавување на Бардем било во филмот Ни трага од Господ (Sin Noticias de Dios), каде настапил со поранешните колеги Пенелопе Круз, Викторија Абрил и Гаел Гарсија Бернал (се појавува и мајку му Пилар, но само на фотографија). Во 2002 година, откако финансиски се осигурал и го совладал англискиот јазик, ја прифатил улогата во првиот филм на Малкович, The Dancer Upstairs. Бардем глуми адвокат кој станал детектив за подобро да и служи на правдата. Малкович го опишал Бардем како “ најдобриот млад глумец во Европа, а можеби и во цел свет. Тој има сила и моќ на бик однадвор... но е кршлив одвнатре”. “Неговиот талент е неизмерен”. 2002 година донела уште еден филмски хит за Бардем, Сончеви понеделници, најуспешниот шпански филм на годината, надминувајќи го дури и Зборувај со неа на Алмодовар. Филмот е моќна социо-политичка приказна за група невработени градежници на бродови. Бардем го игра Санта, жесток активист и неизгласан водач. Филмот освоил пет Гоја награди, заклучно наградата која ја добил Хавиер Бардем за најдобар глумец.

 
Хавиер Бардем и браќата Коен на Канскиот филмски фестивал 2007.

Веднаш по филмот Пред да падне ноќ, тој одбил улога во филмот Извештај за малцинства (Minority Report) која потоа ја добил Колин Фарел. Бардем се приближил до својот прв поголем холивудски хит, појавувајќи се кратко во криминалната драма на Мајкл Мен, Колатерал. Истата година, Бардем освоил награда за најдобар глумец на венецискиот филмски фестивал, за улогата во Mar Adentro 2004 година, каде го глуми Рамон Сампедро, целосно парализиран човек кој се бори за правото на евтаназија. Во 2007 година, Бардем глумел во две филмски адаптации: филмот Нема земја за старци на браќата Коен и адапатација на колумбиската новела Љубов во време на колера од Габриел Гарсија Маркез. Во Нема земја за старци, тој го игра социопатскиот убиец, Антон Чигурх. Оваа улога му го донела првиот оскар за најдобра машка споредна улога. Покрај оскар, Бардем за улогата освоил Златен Глобус и Screen Actors Guild (SAG) награда, како и БАФТА награда за најдобра машка споредна улога. Чигурх се најде на 26то место во издание од 2008 година на магазинот Entertainment Weekly на списокот на “50 најголеми негативци во филмската историја”.

Податотека:Bardem Biutiful.jpg
Зад сцената во филмот Biutiful.

Понатаму следи филмот Вики, Кристина, Барселона на Вуди Ален, во кој повторно настапува заедно со Пенелопе Круз. Имало преговори за улога во филмската адаптација на бродвејскиот мјузикл Девет, како невистинскиот Гвидо Контини; улогата потоа ја добил Данил деј Луис. Во 2010 година, Бардем осовил награда за најдобар глумец на Податотека:Канскиот филмски фестивал за улогата во филмот Biutiful, во режија на Алехандро Гонсалес Ињариту.

Се шпекулирало дека Бардем ќе гостува во втората сезона на Glee како рок ѕвезда, пријател на Арти. Но, тој навистина ќе се појави во шоуто во 2011 година. Соопштено е дека Хавиер е прв на листата глумци за улогата Роналд Дешајн, пред Виго Мортенсен како втор, во адаптацијата на Рон Хауард на новелата Dark Tower од Стефан Кинг.

Приватен живот

уреди

Бардем не знае да вози, а себеси се нарекува “работник”, а не глумец.[2] Тој е атеист; по донесувањето на законот за хомосексуални бракови во Шпанија во 2005 година, Бардем предизвикал големи расправии кога изјавил дека кога би бил геј, ќе се омажел уште веднаш, само за да си поигра со црквата (”mañana mismo, solo para joder a la iglesia”). Животното дело на Бардем било удостоено на Готхам наградите во 2007 година. Истата година, Бардем започнал романтична врска со Пенелопе Круз. Според весниците, тие стапиле во брак во јули 2010 година, на Бахамите. На 14 септември 2010 година, беше објавено дека Пенелопе е четврти месец бремена со нивното прво дете.

Наводи

уреди
  1. Pierce, Nev. „Interview with Javier Bardem“. BBC. Посетено на 2007-10-12.
  2. Hohenadel, Kristin (2001-03-04). „Oscar Films/Actors: 'Don't Call Me Actor,' says a Nominee for Best, Um . . “. The New York Times. Посетено на 2007-10-12.

Надворешни врски

уреди