Фудбал во Црна Гора

Фудбал во Црна Гора — еден од најпопуларните спортови во земјата. Црна Гора била независна од доцните средни векови до 1918 година, кога ја прогласила својата заедница со Србија и, последователно, станала дел од Кралство Југославија, СФР Југославија, СР Југославија, Србија и Црна Гора. Во ова време фудбалот во Црна Гора бил дел од пошироките југословенски структури. Како резултат на референдумот за независност на Црна Гора што се одржал на 21 мај 2006 година, Црна Гора прогласила независност две недели подоцна, на 3 јуни, и формирала своја фудбалска федерација[1][2].

Фудбалот во Црна Гора
ЗемјаЦрна Гора
Раководното телоФудбалска Федерација на Црна Гора
Репрезентација/иФудбалска репрезентација на Црна Гора
Меѓународни натпреварувања

Историја уреди

Пред 2006 година уреди

Фудбалот во Црна Гора, како дел од Југославија, беше прво организиран од страна на Фудбалската Федерација на Југославија, основана во 1919 година и преименувана во Фудбалска Федерација на Србија и Црна Гора во 2003 година. Југославија, подоцна Србија и Црна Гора, била една од водечките земји во европскиот фудбал. Тие двапати стигнале до полуфиналето на Светското првенство (во 1930 и 1962 година) и двапати завршиле на второто место на Европските првенства (во 1960 и 1968 година). Првиот играч од Црна Гора кој учествувал на едно Светско првенство бил Милован Јакшиќ, кој бил југословенски голман на Светското првенство во 1930 година. Оттогаш, Црногорците обично биле добро застапени во југословенските и српските и црногорските репрезентации. Најпознати фудбалски имиња од тоа време се Драгољуб Брновиќ, Дејан Савичевиќ и Предраг Мијатовиќ.

Првично, во периодот меѓу двете светски војни, фудбалот во Црна Гора на клупско ниво бил обележан со соперништвото помеѓу двата клуба, СК Црногорац од Цетиње и СК Балшиќ од Подгорица[3]. Пред Втората светска војна Црногорац бил единствениот црногорски клуб што настапувал на Југословенското првенство, и тоа само во една прилика, во сезоната од 1935-36.

Подоцна, по 1945 година, најдобрите црногорски клубови обично настапувале во Југословенската прва лига, а покрај неа постоела и црногорска лига во понизок ранг. Црногорската прва лига била формирана во 2004 година како локално второ ниво, а по црногорската независност во 2006 година станала највисоко ниво на земјата.

По независноста на Црна Гора во јуни 2006 година, тимот на Србија се смета за наследник на тимот на Србија и Црна Гора. Сепак, на Светското првенство во 2006 година, што се одржало во втората половина на јуни и во јули 2006 година, Србија и Црна Гора продолжиле да играат, претставувајќи ги двете независни држави на Србија и Црна Гора. И покрај импресивниот рекорд во квалификациите за турнирот, тимот се борел во тешка група од првиот круг и биле елиминирани откако не освоиле бодови, примиле десет гола и постигнале само два. По турнирот тимот бил распуштен и заменет од Србија.

По 2006 уреди

Целосно членство на федерацијата во УЕФА се случило во јануари 2007 година. Во меѓувреме, федерацијата продолжила да ја води Црногорската прва лига како најквалитетно фудбалско натпреварување во земјата. Црногорската фудбалска репрезентација ја претставува Црна Гора во фудбалска конкуренција и е под контрола на Фудбалскиот сојуз на Црна Гора (FSCG), управно тело за фудбал во Црна Гора. Во октомври 2006 година на Црна Гора му било доделено привремено членство во УЕФА, со целосно полноправно членство во јануари 2007 година[4]. Репрезентацијата го одиграла својот официјален пријателски натпревар против Унгарија на 24 март 2007 година во Подгорица, и победила со резултат од 2:1. Досега најдобар успех на Црна Гора било учеството во плеј-офот за УЕФА Евро 2012. Црна Гора се натпреварувала против Чешка, но не успеала да се квалификува.

Домашни натпреварувања уреди

Најуспешен клуб на домашните црногорски фудбалски натпревари е ФК Рудар Плевља, со две шампионски титули и четири првенства. Историски гледано, најуспешните клубови, а денес најпопуларни се ФК Будуќност Подгорица и ФК Сутјеска Никшиќ, кои биле членови на Југословенската прва лига. Најпознато е фудбалското соперништво меѓу ФК Будуќност Подгорица и ФК Сутјеска Никшиќ, познато како црногорско дерби. Друго традиционално фудбалско соперништво е помеѓу ФК Будуќност и ФК Ловчен Цетиње. Во периодот 2000-2009 година постоел огромен интерес за соперништво во Подгорица помеѓу ФК Будуќност и ФК Зета, а во периодот 2008-2014 година имало уште едно важно локално дерби во топ-ниво натпревар помеѓу тимови од Никшиќ - ФК Сутјеска и ФК Челик Никшиќ. Од 2006 година, меѓу важните дерби натпревари е ФК Будуќност - ФК Рудар Плевља.

Следува список на најтрофејни црногорски екипи во машка конкуренција:

Клуб Шампион Шампионска година Победник во купот Шампионска година
ФК Рудар Плевља
2
2009–10, 2014–15
4
2006–07, 2009–10, 2010–11, 2015–16
ФК Будуќност Подгорица
2
2007–08, 2011–12
1
2012–13
ФК Могрен Будва
2
2008–09, 2010–11
1
2007–08
ФК Сутјеска Никшиќ
2
2012–13, 2013–14
-
ФК Младост Подгорица
1
2015–16
1
2014–15
ФК Зета Голубовци
1
2006–07
-
ФК Ловчен Цетиње
-
1
2013–14
OФК Петровац
-
1
2008–09
ФК Челик Никшиќ
-
1
2011–12

Следува список на најтрофејни црногорски екипи во женска конкуренција:

Клуб Шампион Шампионска година Победник во купот Шампионска година
ЖФК Економист Никшиќ
5
2010–11, 2011–12, 2012–13, 2013–14, 2014–15
1
2015–16
ЖФК Палма Подгорица
2
2008–09, 2009–10
-
ЖФК Брезница Плевља
1
2015–16
-

Следува список на црногорски натпреварувања во федбал:

Лига
Прва црногорска фудбалска лига
Втора црногорска фудбалска лига
Трета црногорска фудбалска лига
Куп на Црна Гора во фудбал
Црногорски регионален куп
Црногорска фудбалска лига (жени)
Куп на Црна Гора во фудбал (жени)

Наводи уреди

  1. „When Saturday Comes - Montenegro“. Wsc.co.uk. 2012-07-09. Посетено на 2015-03-11.
  2. „Montenegro's Rapid Ascent Stuns England“. The New York Times. Посетено на 2015-03-11.
  3. Sportista, n 13, Belgrade 18 July 1924, page 1
  4. Mark Chaplin (2006). „No decision yet on Gibraltar“. UEFA.com. Архивирано од изворникот на 28 November 2006. Посетено на 11 April 2007. For the first time, Montenegro was on the FIFA rankings in June 2007.