Француско Того (француски: Togo français) — француска колонијална територија во федерацијата на Француска Западна Африка под мандат на Лигата на народите од 1916 година до 1960 година, кога земјата стекнала независност.

Францускп Того
Togo français
Вид единица на Поранешна земја

1916–1960

Знаме на Француски Того

Знаме

Химна
Марселјеза  •  Salut à toi, pays de nos aïeux
"La Marseillaise" •
Местоположба на Француски Того
Местоположба на Француски Того
Местоположба на Того
Главен град Lomé
Историски период 20 век
 -  Окупација 27 август 1914
 -  Поделба 27 декември 1916
 -  Основање на мандатот 20 јули 1922
 -  Автономија 1955
 -  Независност 27 април 1960

Историја

уреди

Француските војници пристигнале кај Анехо на 6 август 1914 година, со мал отпор. Французите се движеле кон внатрешноста на земјата, освојувајќи го градот на 8 август[1]. На 26 август 1914 година, германскиот протекторат Тогаленд бил нападнат од француски и британски сили и паднал по пет дена со краток отпор. Колонијата се предадела на 27 август 1914 година. По освојувањето на земјата, Того бил поделен на француски и британски административни зони во 1916 година, а по војната, Того официјално станал мандат на Лигата на народите поделен за административни цели меѓу Франција и Обединетото Кралство.

Германските националисти во Вајмарската Република се изјасниле дека се противат на одземањето на колонијата од страна на Французите преку интерпелацијата во 1920 година, изразувајќи го своето мислење дека го прекршиле членот 22 од Версајскиот договор. По Втората светска војна, земјата станала територија на ООН.

Со статут во 1955 година, Француско Того станала автономна република во рамките на Француската унија, иако го задржал статусот на територија на ООН. Законодавното собрание, избрано со универзално право на глас, имало значителна моќ за внатрешни работи, со избрано извршно тело предводено од премиер задолжен за законодавната власт. Овие промени биле отелотворени во уставот одобрен на референдумот во 1956 година. На 10 септември 1956 година, Николас Груницки станал премиер на Автономната република Того. Сепак, поради нерегуларности во процесот, во 1958 година се одржале избори и победил Силванус Олимпио. На 27 април 1960 година, Того ги прекинал своите уставни врски со Франција, го отфрлил статусот на територија на ООН и станал целосно независен под привремениот устав со Олимпио како претседател.

Наводи

уреди
  1. „Colored People's Part in the World War: The Fight in Africa: Many Square Miles Wrenched From Germany: Black Troops Display Great Valor“. The Richmond Planet. Richmond, VA. March 2, 1918. Посетено на August 13, 2016.