Финале на ФА Купот во 2004 година
Финалето на ФА Купот во 2004 година било 123-то по ред финале на ФА Купот и четврто во историјата играно на Милениум Стадионот, велшкиот националниот стадион во Кардиф, поради тековните реконструкции на вообичаениот терен, Вембли во Лондон. Натпреварот се одиграл на 22 мај 2004 година, а учесници биле Манчестер Јунајтед, кој заврши на третото место во Премиер лигата таа сезона, и Милвол, кој завршил десетти во Дивизија еден.
2004 ФА Куп финале | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
| |||||||
Датум | 22 Mај 2004 | ||||||
Стадион | Милениум Стадион, Кардиф | ||||||
Играч на натпреварот | Руд Ван Нистелрој (Манчестер Јунајтед) | ||||||
Судија | Џеф Винтер | ||||||
Гледачи | 71,350 | ||||||
Манчестер Јунајтед ја обезбеди рекордната единаесетта ФА Куп титула со победа од 3-0. Резултатот го откри Кристијано Роналдо со удар со глава, а потоа Руд Ван Нистелрој постигна два гола од кој еден од пенал. Спротивно на тоа, тоа беше прв настап за Милвол во финалето на ФА Купот или Лига купот.
На трофеј презентацијата потоа, играчите на Манчестер Јунајтед носеа маици со ознака "Дејвис 36" во сеќавање на играч од средниот ред Џими Дејвис, кој го носеше дресот на Јунајтед со број 36, а загина во сообраќајна несреќа во август 2003.
Натпреварот беше воден од судијата Џеф Винтер. Роџер Грин и Ист беа асистенти и Мет Месиас беше четвртиот официјален судија.
Детаљи од мечот
уреди22 мај 2004 15:00 BST |
Манчестер Јунајтед | 3 – 0 | Милвол | Милениум Сатдион, Кардиф Гледачи: 71,350 Судија: Џеф Винтер (Северен Јоркшир) |
---|---|---|---|---|
Роналдо 44' Ван Нистелрој 65' (пен..), 81' |
Извештај |
|
|
Судии на мечот
|
Правила на мечот
|