Филип I
Крал на Франките
Филип I
На престол23 мај 1059 - 4 август 1060 (заедничко владеење);
4 август 1060 - 29 јули 1108
Крунисување23 мај 1059
ПретходникАнри I
НаследникЛуј VI
Почивалиште
ДецаКонстанца Француска
Луј VI
Сесилија Француска
ДинастијаКапети
ТаткоАнри I
МајкаАна Киевска

Филип I (роден на 23 мај 1052 - починал на 29 јули 1108 во Мелун) — крал на Франција од Капетинската династија. Тој бил син на кралот Анри I и Ана Киевска.

Филип бил крунисан за крал кога имал само 7 години, но неговата мајка му била регент сè додека не наполнил 14 години. Неговата мајка, Ана Киевска била првата кралица која владеела како регент. Неговата прва жена била Берта од Холандија, која го родила неговиот наследник, кралот Луј VI. Но, неа ја оставил и се оженил по вторпат, со Бертрад де Монфор. Поради тоа бил екскомунициран, најпрвин од бискупот на Лион во 1094, а потоа и од страна на папата Урбан II на соборот во Клермон во ноември 1095. Неколкупати била повлекувана одлуката за екскомуникација, но тој повторно продолжувал по старо, па уште неколкупати бил екскомунициран. По 1105, повеќе не бил екскомунициран.

Неговото владеење се одликувало со обидите за смирување и покорување на побунетите благородници. Во текот на 1077, склучил мир со Вилијам I Освојувачот, со кој англискиот крал отстапува од освојувањето на Бретања. Филип I го проширил своето кралство, со освојувањето на Вексин во 1082 и Бурж во 1100.

За време на неговото владеење започнала Првата крстоносна војна. Тој не го поддржувал походот, бидејќи бил скаран со папата Урбан II. Папата не би му допуштил да учествува во походот, бидејќи бил екскомунициран. Неговиот брат Иго од Вермандоа бил значајна личност во Првата крстоносна војна.

Филип I починал на 29 јули 1108 во Мелун, а бил погребан во Сен Беноа на Лоара, со што станал првиот крал од Капетинската династија, кој не бил погребан во Сен Дени. На престолот го наследил неговиот син Луј.

Потомство

уреди

Кралот Филип I се оженил двапати. Од првиот брак со Берта Холандска, неговите деца биле:

  1. Констанца (1078-1124/6) - се омажила со Иг де Шампањ, со кого била во брак до 1097, а потоа се развела и премажила со Боемунд I Антиохиски во 1106;
  2. Луј VI (1081-1137);
  3. Анри (роден 1083) (починал млад);
  4. Одо (1087-1096)

Од вториот брак со Бертрад де Монфор се овие деца:

  1. Филип де Манте (живеел во 1123);
  2. Флори де Нанжи] (1093-1119)[1]
  3. Сесилија Француска (1097-по 1145) - се омажила за Танкред Тарнетски, а потоа по вторпат со Понс, гроф од Триполи

Наводи

уреди
  1. Europäische Stammtafeln XIV 146 les seigneurs de Nangis


Претходник
Анри I
Крал на Франција
1060-1108
Наследник
Луј VI