Боемунд Тарентски

(Пренасочено од Боемунд I Антиохиски)

Боемунд Тарентски (1058 - 1111 година) познат и како Боемунд I Антиохиски ― нормански кнез од Јужна Италија, син на Роберт Гвискард. [1]

Боемунд Тарентски (Антиохиски) - Портрет на Merry-Joseph Blondel

Ги предводел Норманите во војната против Византија (1081-1085 година), кога освоил поголем дел од македонските територии западно од реката Вардар, со Скопје, Горен и Долен Полог, Охрид, Пелагонија, Меглен и Костур. Во Првиот крстоносен поход ги предводел Норманите од Јужна Италија. На патот кон Левант, крстоносците поминале преку Македонија и притоа во околината на Острово запалиле една еретичка населба.

Крстоносците под водство на Боемунд се упатиле кон Антиохија. Таа била од исклучително значење за нив. Поради геостратешката положба и нејзината значајност на религиозен план. Антиохијците, под водство на Јеги Сијан биле под опсада неколку дена и исчекувале помош од Карбога (гувернерот на Мосул). Два дена пред неговото пристигнување, Антиохија веќе потпаднала под западноевропската упорност. Боемунд успеал да најде предавник во редовите на антиохиските чувари, по име Феруз и така успеал да го освои градот. Откако пристигнало засилувањето предводено од Корбога, сега војската на Боемунд се нашла во спротивна улога и тие биле под опсада. Во овој поход бројот на пронајдени свети реликвии постојано растел, како и визиите кои ги добивале крстоносците.[2]

Во 1107 година, Боемунд повторно ја нападнал Византија, освојувајќи го Дебар и териториите западно од Охрид. По склучувањето на Деволскиот мир (1108 година) тој се повлекол во Италија.[1]

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 84. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)
  2. Зборник на трудови бр.22 - ПРВА КРСТОНОСНА ВОЈНА (PDF). Битола: НАЦИОНАЛНА УСТАНОВА ЗАВОД ЗА ЗАШТИТА НА СПОМЕНИЦИТЕ НА КУЛТУРАТА И МУЗЕЈ – БИТОЛА. 2019. стр. 51. На |first= му недостасува |last= (help)