ФК Фенербахче
ФК Фенербахче е професионален турски фудбалски клуб со седиште во градот Истанбул. Во моментов клубот се натпреварува во Супер лигата на Турција.
Фенербахче | ||||
---|---|---|---|---|
Целосно име | Фенербахче Спорт клуб | |||
Прекар | Фенер | |||
Основан | 3 мај 1907 | |||
Стадион | Стадион Шукру Сараџоглу Истанбул, Турција | |||
Капацитет | 53,715 | |||
Претседател | Азиз Јилдирим | |||
Тренер | Витор Переира | |||
Лига | Турска Супер лига | |||
2023-24 | 2-ри | |||
Мреж. место | Официјално мрежно место | |||
| ||||
Тековна сезона |
Клубот е основан во 1907 година од група на локални луѓе, а тоа го прави еден од првите фудбалски клубови формирани во Турција. Тие се еден од најуспешните фудбалски клубови во Турција,[1][2] со 19 титули во турското првенство, 6 Купа на Турција и 9 Суперкупа, а исто така тие никогаш во нивната историја не испаднале во пониските лиги. Клубот важи и за еден од клубовите со најмногу навивачи во Турција.
Клубот игра на Стадионот Шукру Сараџоглу кој е со капацитет од 53,715.
Историја
уредиФенербахче бил основан во Кадиќој областа во Истанбул од Зија Сонѓулен (1886-1936), Ајетулах бег (1888-1919) и Неџип Оканер (1892-1959). Оваа група на поединци го основале клубот тајно, со цел да се задржи на низок профил. Во тоа време, султанот Абдул Хамид II, му забранувал на турскиот народ да основа клубови, па дури и да игра фудбал. На првата средба, Сонѓулен бил избран за прв претседател на клубот. Сè до промените во законите, кои дошле со Младотурската револуција во 1907 година, активностите на Фенербахче биле обавувани под строга тајност.
Тимот се приклучи на Истанбулската фудбалска лига во 1909 година и во сезоната 1911-1912 го освоил своето прво првенство, минувајќи низ целата сезона без пораз.
Бои и амблеми
уредиТитули
уреди- Турско првенство
- Победник (19) :
1959, 1960-1961, 1963-1964, 1964-1965, 1967-1968, 1969-1970, 1973-1974, 1974-1975, 1977-1978, 1982-1983, 1984-1985, 1988-1989, 1995-1996, 2000-2001, 2003-2004, 2004-2005, 2006-2007, 2010-2011, 2013-2014
- Куп на Турција
- Победник (6) :
1967-1968, 1973-1974, 1978-1979, 1982-1983, 2011-2012, 2012-2013
- Куп на претседателот/Суперкуп на Турција
- Победник (9) :
1968, 1973, 1975, 1984, 1985, 1990, 2007, 2009, 2014
- Балкан куп
- Победник (1) :
1966-67
- Куп Ататурк
- Победник (2) :
1964, 1998
- Куп на премиерот
- Победник (8) :
1945, 1946, 1950, 1973, 1980, 1988, 1992, 1998
- Куп на турските спортски новинари
- Победник (12) :
1969, 1973, 1975, 1976, 1978, 1979, 1980, 1982, 1985, 1986, 1994, 1995
- Куп на Истанбул
- Победник (16) :
1911-12, 1913-14, 1914-15, 1920-21, 1922-23, 1929-30, 1932-33, 1934-35, 1935-36, 1936-37, 1943-44, 1946-47, 1947-48, 1952-53, 1956-57, 1958-59
Стадион
уредиФенербахче својте домашни натпревари ги игра на стадионот Шукру Сараџоглу, који се наоѓа во Кадиќој, азискиот дел на Истанбул. Стадионот е изграден во 1908 година, а реконструкцијата траела во периодот од 1999 до 2006 година. На овој стадион е одиграно финалето на Купот на УЕФА 2009.
Играчи
уредиМоментален состав
уреди
|
|
Надворешни врски
уредиНаводи
уреди„ФК Фенербахче“ на Ризницата ? |
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2015-02-19. Посетено на 2015-10-30.
- ↑ http://www.fotomac.com.tr/multimedya/galeri/futbol/kuluplerin-seyirci-ortalamalari?tc=30&page=4