Стадион Шукру Сараџоглу

Стадион Шукру Сараџоглу (турски: Şükrü Saracoğlu Stadyumu) — фудбалски стадион кој се наоѓа во регионот Кадиќој, Истанбул, Турција. Од спонзорски причини, стадионот во моментот се нарекува стадион Улкер, додека името Шукру Сараџоглу доаѓа по името на шестиот премиер на Турција, Шукру Сараџоглу.

Стадион „Шукру Сараџоглу“
Целосно име Стадион Шукру Сараџоглу
Место Кадиќој, Истанбул, Турција
Координати 40°59′16″N 29°02′12″E / 40.98778° СГШ; 29.03667° ИГД / 40.98778; 29.03667
Отворен 1908[1]
Реновиран 1929–1932, 1965–1982, 1999 – 2006
Сопственик Фенербахче Фенербахче
Оператор Фенербахче Фенербахче
Подлога трева
Цена на изградбата 85 милиони долари[2]
Архитект Зехра Аксу Aksu
Аднан Аксу
Поранешни имиња Силахтар Ага Сахаси
Папазин Чајири
Јунион Клуб
Итихат Спор
Стадион Фенерхахче
Игра Фенербахче Фенербахче
Гледачи 50,509 (all-seater)[3]

На овој стадион своите домашни натпреваи ги игра екипата на ФК Фенербахче. Стадионот бил изграден во 1908 година и обновен помеѓу 1929 и 1932 година, 1965 година и 1982 година, како и во 1999 и 2006 година. На 4 октомври 2006 година, по бројни инспекции од страна на УЕФА, стадионот Шукру Сараџоглу бил избран за домаќин на финалето од Купот на УЕФА во 2009 година[4] , станнувајќи последен на кој се играло едно финале од истиот куп, бидејќи веќе наредната година започнала да функционира Лига Европа[5][6].

Стадионот има поминато низ комплетен процес на санацијата на секој блок, кој бил разрушен и потоа повторно изграден. Секој блок е изграден поблиску до теренот, добивајќи можност на навивачите да бидат поблиску до случувањата на теренот. Овој стил на стадионот никогаш не постоел претходно во Турција.

Наводи

уреди
  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2016-09-23. Посетено на 2017-02-26.
  2. Fenerbahce Official Web Site
  3. Turkish Football Federation
  4. Fenerbahçe Şükrü Saracoğlu Stadium selected for 2009 UEFA Cup Final
  5. „Uefa Cup gets new name in revamp“. bbc.co.uk. 2008-09-26. Посетено на 2008-09-26.
  6. „UEFA Cup to become UEFA Europa League“. uefa.com. Архивирано од изворникот на September 29, 2008. Посетено на 2008-09-26.

Надворешни врски

уреди
Претходник
Градски стадион
Манчестер
Куп на УЕФА
Финален натпревар

2009
Наследник
Нордбанк арена
Хамбург