Фемарн (германски: Fehmarn; дански: Femern) — остров и град (од 2003 г.) на истиот остров во Балтичкото Море, близу источниот брег на сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија, и околу 18 километри јужно од данскиот остров Лоланд. Припаѓа на округот Источен Холштајн.

Фемарн
Воздушен поглед на Фемарн
Воздушен поглед на Фемарн
Воздушен поглед на Фемарн
Грб на Фемарн
Фемарн во рамките на Германија
Фемарн
Управа
Земја Германија
Покраина Шлезвиг-Холштајн
Округ Источен Холштајн
Градоначалник Ото-Уве Шмит (независен)
Основни податоци
Површина 185,45 км2
Надм. височина 10 м
Население 12.875 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 69 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. OH
Пошт. бр. 23769
Повик. бр. 04371 und 04372
Портал www.stadtfehmarn.de
Местоположба на градот Фемарн во рамките на округот Источен Холштајн
Карта
Карта
Координати 54°28′N 11°08′E / 54.467° СГШ; 11.133° ИГД / 54.467; 11.133

Историја

уреди

Претходни имиња за островот биле Фемера, Фимбрија, Чимбрија парва и Имбра.[2] Како дел од Вагрија бил населен од словенското племе Вагри во раниот среден век. По нивното освојување и христијанизирање, тие биле германизирани.

Од средниот век до 1864 година, Фемарн бил дел од данското Војводство Шлезвиг. Кога војводството било поделено во 1544 година, бил дел од војводството на Јохан II. По неговата смрт без наследници во 1580 година, Фемарн станал дел од Војводството Шлезвиг-Холштајн-Готорп. По Големата северна војна, Фемарн заедно со остатокот од Шлезвиг бил обединет со данската круна. Во 1864 година, Шлезвиг припаднал на Прусија како последица на Втората шлезвишка војна.

На 26 јули 1932 година, бродот „Ниобе“ на германската морнарица потонал близу островот во изненадна меќава, при што загинале 69 лица. На Гамендорфер Штранд на Фемарн, со поглед на местото на потонувањето, подигнат е споменик за бродот.

Од 1963 година, Фемарн е поврзан со германското копно со железнички и патен мост, Фемарнзундски мост. Долг е 963,40 метри и 69 метри висок.

Географија

уреди

Островот зафаќа 185 км2, а брегот е 78 километри. Највисоки ридови се Хинрихсберг (27,2 метри) и Вулфенер Берг (26,5 метри). Најголема населба на Фемарн е Бург со 6.000 жители. Покрај неа, постојат бројни помали села.

Сообраќај

уреди

Протокот Фемарн, помеѓу Фемарн и Лоланд, се наоѓа на спротивната страна од Германија. Може да се помине со фериботи, кои пловат помеѓу пристаништата Путгарден, Германија и Редбихавн, Данска. Пловењето трае околу 45 минути.

На 29 јуни 2007 година, данските и германските власти дале согласност за проектот Фемарнбелтски мост, планиран за завршување во 2020 година.[3]

Фемарнзундскиот мост, долг 963 метри, го поврзува германскиот остров Фемарн со германското копно близу Гросенброде.

Природа

уреди

Островот служи како место за одмор за птиците преселници и со тоа е омилено место за орнитолозите. Птичјите резервати на островот се надгледувани од конзервацискиот центар на НАБУ во Валнау. Во Бург постои голем аквариум.

Фемарн е познат по неговите природни и рекреативни области, особено во текот на летото, како и за места за сурфање. Моментално, постојат повеќе од десет места за сурфање на островот.

Култура

уреди

Фемарн бил местото на последниот концерт на Џими Хендрикс, на Open Air Love & Peace Festival, на 6 септември 1970 година.

Црквата Св. Никола има крстилница која потекнува од 1391 година.[4]

Меѓународни односи

уреди

Фемарн е збратимен со следниве градови:

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Население во разните административни единици на Шлезвиг-Холштајн во 2020 г.“. Статистичка служба за Хамбург и Шлезвиг-Холштајн. јуни 2021. (германски)
  2. http://www.columbia.edu/acis/ets/Graesse/orblatf.html
  3. http://www.femern.com/Home/Project/Timetable[мртва врска]
  4. St Nikolai Kirche Архивирано на 1 декември 2020 г., st-nikolai-kirche-burg.de, retrieved 30 March 2014

Надворешни врски

уреди