Уелен

село во Русија
(Пренасочено од Уэлен)

66°09′34″N 169°48′33″W / 66.15944° СГШ; 169.80917° ЗГД / 66.15944; -169.80917

Карта со местоположбата на Уелен и Чукотското Море

Уелен (рус. Уэ́лен) е село во Русија, близу поларникот во Чукотскиот автономен округ на рускиот Далечен Исток. Местото лежи близу ’ртот Дежњов каде се среќаваат Беринговото и Чукотското Море и е најисточното населено место во Русија и цела Евроазија воопшто. Уелен е најблиското руско населено место до Соединетите Американски Држави.

Уелен има околу 500 жители (2002).

Селото е познато по резбарство на моржова коска, но служи и како база за археолошки експедиции во регионот, каде археолозите имаат откриено гробишта во кое се погребани над 300 лица од раните китоловни култури, протегајќи се низ временски период од 500 п.н.е. до 1000 година.

Уелен е местото преку кое Димитриј Кифер и Карл Бушби влегле во Русија како дел од нивната експедиција „Голијат“, откога го преминале Беринговиот Проток. Двајцата биле уапсени за прекршување на визните закони.

Клима

уреди

Климата е субарктичка, со просечна годишна температура од -8 °C. Летната температура изнесува околу 6 °C. Местото се наоѓа на надморска височина од 3 м.

Познати личности

уреди

Надворешни врски

уреди