Усјански Канал

канал и поток во Скопје

Усјански Канал, познат и како Усјанка или Усјански Јаз, — поток и канал со должина од 9,5 км кој минува низ селата Сопиште[3] и Усје и населбата Горно Лисиче.[4] Тој ги собира поројните води од неколку суводолици од планината Водно, а исто така и отпадните и атмосферски води од општините Аеродром и Кисела Вода.[5] Каналот е заграден со ѕидани камени блокови во должина од 5,293 метри.[6] Се влева во Вардар кај населбата Горно Лисиче.

Усјански Канал
Усјанскиот Канал пред вливот во Вардар
Прекар(и)Усјанка
Местоположба
ДржаваМакедонија
ОпштинаСопиште, Кисела Вода и Аеродром
Населени местаСопиште, Усје и Горно Лисиче
Физички особености
Извор 
 • местоСопиште
 • координати41°57′34″N 21°24′42″E / 41.959398° СГШ; 21.411729° ИГД / 41.959398; 21.411729
 • надм. вис.756 м[1]
Устие 
 • место
Горно Лисиче
 • координати
41°58′36″N 21°30′05″E / 41.976588544046045° СГШ; 21.50127024244226° ИГД / 41.976588544046045; 21.50127024244226
 • надм. вис.
230 м[2]
Должина9,5 км
Особености на сливот
ТечениеУсјански Канал → Вардар
Карта
Карта на Усјански Канал.

Историја

уреди

Во август 2022 година, бил потпишан договор за првата фаза за изградба, реконструкција и покривање на каналот. Договорот бил потпишан меѓу Град Скопје и Ју-Бај 2 Амет ДООЕЛ. Цената за прифатената понуда, со вклучено ДДВ, била 172,382,930 денари.[7] Градежните постапки започнале во ноември 2023 година.[8][9]

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. Преку Free Map Tools/Elevation Finder. Пристапено на 2 јануари 2024.
  2. Преку Free Map Tools/Elevation Finder. Пристапено на 12 февруари 2023.
  3. „Урбанистички план за село Сопиште - Разработка на Блок 1, КО Сопиште, Општина Сопиште, плански период 2012-2022“. Агенција за планирање на просторот. 5 ноември 2012. Архивирано од изворникот 2022-07-27. Посетено на 12 февруари 2023.
  4. „Исчистени коритата и косините на Вардар и Усјански канал“. mkd.mk. 2 јуни 2015. Архивирано од изворникот 2015-06-07. Посетено на 12 февруари 2023.
  5. Дневник: Продолжува чистењето на Усјански Канал[мртва врска]
  6. „Развоен план за одржување на коритото на реката Вардар, нејзините притоки и отворените канали и за расчистување на диви депонии на подрачјето на Град Скопје за период 2020-2022 година“. Електронски службен гласник на Град Скопје (17). 24 декември 2019. Архивирано од изворникот на 2 јануари 2024. Посетено на 2 јануари 2024. Овој канал во урбаниот дел е изграден од ѕидани камени блокови во должина од 5 293 m.CS1-одржување: датум и година (link)
  7. „Известување за склучен договор за јавна набавка“. Електронски систем за јавни набавки. август 2022. Посетено на 2 јануари 2024.
  8. Љубица Марковска (10 ноември 2023). „Се реализира мега проектот за изградба, регулација и покривање на Усјанскиот канал“. Македонска информативна агенција. Архивирано од изворникот 20 ноември 2023. Посетено на 2 јануари 2024.
  9. „Почна првата фаза од покривањето на Усјанскиот канал“. skopskoeho.mk. 10 ноември 2023. Архивирано од изворникот 2 јануари 2024. Посетено на 2 јануари 2024.

Надворешни врски

уреди