Усури
Усури (руски: Уссу́ри, од манџурски: Усури ула) или Вусули (кинески: 乌苏里江, пинјин: Wūsūlǐ Jīang) — река што тече низ Хабаровскиот и Приморскиот крај во Русија и југоисточните краишта на североисточна Кина. Извира во планинскиот венец Сихоте Алињ, па тече на север, исцртувајќи дел од руско-кинеската граница,[1] па кај Хабаровск се влева во Амур (48°26′N 134°59′E / 48.433° СГШ; 134.983° ИГД). Долга е околу 897 км, а сливот зафаќа површина од 193.000 км2. Водата ја добива од дожд (60%), снег (30-35%), а остатокот од подземни извори. Просечниот истек изнесува 1.150 м3/с, при просечна надморска височина од 1.682 м.
Усури | |
---|---|
Местоположба | |
Физички особености | |
Устие | Амур |
Должина | 897 км |
Особености на сливот |
Реката е позната по катастрофалните поплави, а помеѓу ноември и април е замрзната. Изобилуваат разни видови риби: липен, есетра, лососи како горбушата, кетата и други.
Притоки
уредиПоважни притоки на Усури се:
- Мулинг (лева)
- Наоли (лева)
- Сунгача (лева)
- Арсенјевка (лева)
- Бикин (десна)
- Хор (десна)
- Голема Усурка (десна)
Историски настани
уредиЗа време на Втората светска војна, преку реката поминувале советските војски при заземањето на Манџурија (операција „Августовска бура“ во 1945 г).[2]
Кинеско-советскиот пограничен конфликт во 1969 г. се одвивал на островот Дамански (Џенбао) во реката Усури.
Поврзано
уреди- Усуриски тигар — друг назив за сибирскиот тигар
- Усуриска кафеава мечка — друг назив за амурската кафеава мечка
Наводи
уреди- ↑ Утврдена со Пекиншката спогодба од 1860 г.
- ↑ Манџурска операција („Августовска бура“) од 1945 г. (руски)
Надворешни врски
уреди„Усури“ на Ризницата ? |
- Усури — Државен воден регистар на Русија (руски)
- Статија за Усури со подробна карта Архивирано на 7 февруари 2012 г. — УНЕП (англиски)