Атлантски лосос

видови риби
(Пренасочено од Лосос)
Atlantic salmon
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Хордати
Класа: Зракоперки
Ред: Пастрмка
Семејство: Salmonidae
Род: Salmo
Вид: S. salar
Научен назив
Salmo salar
Linnaeus, 1758

Лососот спаѓа во класата коскени риби, во редот пастрмковидни риби и во фамилијата пастрмки. Оваа фамилија има 76 вида, вклучувајќи го вистинскиот европски лосос. Животот го минува во слатките води (реки и езера) и во морињата (на отворено море и во крајбрежни подрачја) од северната полутопка. Достигнува должина од 1,5 метар и тежина до 75 килограма. Животниот век му изнесува десетина години. Додека престојуваат во морските води лососите се хранат со ракообразни животни и со разни видови риби. За да мине некој водопад или друга пречка, лососот прави скокови високи 2 до 4 метри и долги 4 до 6 метри. Вистинскиот лосос има големо економско значење. Многу е ценет од спортските риболовци, а неговото месо е многу вкусно и се јаде свежо или чадено.

Наводи

уреди
  1. Salmo salar. IUCN Red List. Version 2.3. International Union for Conservation of Nature. 1996. Посетено на 7 March 2011.